ДОМАШНАТА ТОРТА ОД МОЕТО ДЕТСТВО…Најслаткото и највкусното патување кое ќе ви врати убави спомени…
Оваа торта е како времеплов – секој залак ме враќа во безгрижните денови од детството, кога домот мирисаше на ванила, а масата беше украсена со највкусниот десерт направен од љубов.

Испробајте го рецептот од Анка Колева за торта со шмек на носталгија и топлина, пишува НМД.
Подгответе се за едноставна, ама незаборавна торта со сочни бисквити и богат крем од јајца, каков што порано правеа нашите мајки и баби!
Потребни состојки (се мери со чаша од 200 мл)
За бисквитите (корите):
– 6 јајца
– 2 чаши шеќер (чаша од 200 мл)
– 1 чаша лимонада
– 5 лажици масло
– 3 чаши брашно
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 лажичка сода
– 2 кесички ванилин шеќер
– Какао во прав (по желба, за една од корите)
За кремот
– 1 литар млеко
– 200 г шеќер (или по вкус)
– 3 јајца
– 6 лажици брашно
– 2 кесички ванилин шеќер
– 125 г путер (1/2 коцка)
– НМД
Корисни алатки:
Тркалезна кутија за торта со капак, цена ОВДЕ. Тркалезни калапи за печење торта со флексибилен обрач, цена ОВДЕ. Калапи за печење со облик на срце, цена ОВДЕ. Разни елементи за декорирање торти, цена ОВДЕ. Комплет потребни алатки за торта, цена ОВДЕ.
Миксер, цена ОВДЕ. Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.

Постапка:
Подготовка на бисквитите:
1. Одделете ги белките од жолчките. Во длабок сад, со миксер пенасто изматете ги белките со шеќерот додека да добиете цврст снег.
2. Една по една, додајте ги жолчките, па продолжете со лимонадата и маслото. Мешајте додека смесата да се изедначи.
3. Во посебен сад, просејте го брашното и измешајте го со прашокот за печиво, содата и ванилата.
Постепено додавајте ги сувите состојки во течната смеса, мешајќи нежно со шпатула.
4. Поделете ја смесата на три еднакви делови. Во еден од деловите додајте какао по вкус и измешајте.
5. Загрејте ја рерната на 180°C. Во тава обложена со хартија за печење, испечете ги трите бисквити одделно – секое околу 20-25 минути, додека малку да заруменат. Оставете ги да се изладат.
Подготовка на кремот:
1. Одвојте околу 200 мл од млекото и оставете го настрана (ладно). Останатото млеко ставете го во тенџере на шпорет заедно со шеќерот и оставете да зоврие.
2. Во сад, разматете ги јајцата, додајте го ладното млеко и брашното. Мешајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
3. Кога млекото на шпоретот ќе зоврие, полека, во тенок млаз, додајте ја јајчената смеса, мешајќи непрекинато за да не се згрутчи. Гответе на тивок оган додека кремот да се згусне.
4. Тргнете го кремот од оган, додајте ги ванилите и путерот. Мешајте додека целосно да се растопи и соедини со кремот. Оставете да се излади малку.
Составување на тортата:
1. На чинија за сервирање ставете еден светол бисквит, премачкајте го со дел од кремот.
2. Потоа ставете го бисквитот со какао, па повторно крем. Завршете со третиот бисквит и премачкајте ја целата торта со преостанатиот крем.
3. По желба, украсете со рендано чоколадо, ореви или парчиња овошје. Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа пред сервирање за да се стегне и вкусовите да се соединат.
Совет: Оваа торта е совршена за семејни собири или кога сакате да ги изненадите најблиските со нешто слатко и домашно. Уживајте во секој залак и во спомените што ги носи!