Постојат две области на женското лице со најранлива кожа: околу очите и над горната усна. Неодамна ви откривме како да се справите со првиот проблем, но што е со вториот? Овие брчки се јавуваат поради слабото поткожно масно ткиво и минималната количина на лојни жлезди.

Кога се зборува и се прават движења со устата, кружниот мускул на устата активно контрахира, кожата се протегнува, снабдувањето со крв се влошува, а ткивото губи колаген. Веќе на 40 годишна возраст ова може да стане вистински естетски проблем.

Не, тоа не е проблем, туку вистински непријател на убавината. Но, како што се вели, ако го познавате непријателот одблизу, многу полесно е да се справите со него. Најпрво треба да направите превенција: за да не го влошите постојниот проблем, потребно е да пиете многу вода, да спиете најмалку 7 часа и да користите само високо квалитетна козметика. А сега, да ги разгледаме најефикасните природни начини како да ги отстраниме оние брчки кои веќе станаа видливии како бразди.

Асистентни маски

Краставицата изрендајте ја на многу ситно ренде. Измешајте ја со 1 лажичка кисела павлака и половина лажичја течен мед. Нанесете ја на површината над горната усна 20 минути и потоа отстранете ја со вода, без сапун.

Комбинирајте половина банана со лажица кисела павлака. Нанесете ја маската 15-тина минути и потоа само исплакнете.

Испасирајте со виљушка 2 лажички грашок од конзерва. Измешајте со 1 лажица јогурт или кисела павлака. Треба да добиете прилично густа маса, која треба да биде рамномерно распоредена на проблематичната област 15 минути.

Нанесете малку кисела зелка 10 минути. Ова е наједноставната маска, но неверојатно ефикасна. Измешајте сок од алое и течен мед во сооднос 1: 1. Нанесете 15 минути, исплакнете со млака вода.

А може да направите и козметички мраз, кој ќе го забрза протокот на крв, па дури може да донесе и двојни придобивки! Исцедете 0,5 кг глуварче преку соковник, додадете 1 лажица маслиново масло, поделете го во калапи за мраз и користете наутро и навечер.

Како поинаку да се справиме со брчките

Обидете се да ги контролирате изразите на лицето. Оние кои премногу цврсто ги стиснуваат усните, развиваат вертикални набори побрзо од другите. Не заборавајте да се масирате. Ова може да биде вообичаено кружно допирање на проблематичната област со врвот од јагодиците на прстите. Времетраење – 10 минути.

За миење, користете само ладна вода или изладен чај од билки за да имате освежителен ефект врз кожата. Оставете ги цигарите. Оваа лоша навика секогаш доведува до предвремено стареење на кожата.

Инјекции, биоревитализација се само некои од можните професионални пристапи за отстранување на проблемот. Вие, се разбира, можете да прибегнете кон нив или да го следите нашиот совет и да ги отстраните брчките без ризик и штета на здравјето.

ЗЕЛЕНА ЛУТЕИНСКА МАСКА СО ПОДМЛАДУВАЧКИ ЕФЕКТ

Потребни состојки:

200 г спанаќ
200 г зелен кељ
¼ шолја екстра девствено маслиново масло
¼ шолја кисела павлака

Постапка:

Кратко проварете ги кељот и спанаќот. Процедете и ставете во блендер. Додадете маслиново масло и кисела павлака. Измиксајте.

Употреба:

Нанесете ја оваа зелена маска на исчистено лице и врат. Можете да се послужите и со четка или со шпатула. Оставете да делува околу 8 минути за потполн ефект. Исперете со млака вода па завршете со ладна за да ги затворите порите. Користете ја оваа маска 1-2 пати седмично. Мешавината може да стои околу една седмица во фрижидер.

Кожата ќе ви изгледа прекрасно и затегнато, а вашите пријатели ќе ве прашуваат: „Што си направила?“

Зошто ова делува?

Главните делотворни состојки кои даваат одличен подмладувачки ефект на оваа маска се лутеинот, Е витаминот и млечната киселина.

КРЕМ ЗА БРИШЕЊЕ НА БРЧКИТЕ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 супена лажица арганово/маслиново/бадемово масло
1 жолчка
1 чајна лажица мед
2 чајни лажици вазелин

ПОСТАПКА:

Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки: мед, жолчка и масло. Претходно жолчката убаво изматете ја со медот и маслото, па кога ќе ја додавате во млакиот вазелин, внимавајте да не ви се свари и да не ви се направат грутки.

Сите состојки добро промешајте ги. Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса. Добиениот крем складирајте го во кутивче од 50 мл. Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.

Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер. Кога ќе се потроши, направете уште една доза. Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза веднаш, за да не ви се расипе.