ДОМАШНА АЛВА ОД 6 СОСТОЈКИ без брашно, ориентален рецепт кој се послужува за гостите да ве памтат по добро. Рецепт на Том Филос. Домашен старински десерт кој ќе ве воодушеви со леснотијата и брзината на подготовка.
Многу е вкусна, а според едно народно верување, алвата се подготвува за гостите да ве памтат по добро. Во некои домови, алвата се послужува и пред главното јадење, но најубаво се комбинира и со кафе после ручек.
Потребни состојки: 300 г семки од сончоглед, 300 г сусам, 2 белки, прстофат сол, 300 г шеќер, 80 мл вода, 1 лажица какао. Постапка: Во блендер се блендираат сончогледовите семки додека да се добие конзистентност на влажен песок.
Добиената смеса се префрла во подлабок сад, а потоа се блендира и сусамот до формирање на иста конзистентност како сончогледовите семки. Сусамот се префрла во друг сад.
На посебно место се одвојуваат двете белки од јајце и се матат под миксер околу 10-тина минути. Во нив се додава прстофат сол и се продолжува со матење. Во меѓувреме во тенџере на тивок оган се додава шеќерот и одозгора се прелива со вода.
Повремено се меша до формирање на шербет, а потоа овој топол шербет се прелива во пенастата смеса од белки која се уште е под миксер. Се продолжува со матење уште неколку минути на смесата до соединување.
Пенастата смеса се дели на два еднакви дела и секој дел се додава во мелените семки. Значи половина оди во смесата од сончогледови семки, а половина во смесата од сусамовите. Двете смеси одделно се мешаат до соединување.
Потоа во смесата со сончогледови семки се додава 1 лажица какао и добро се промешува додека да се формира чоколадна смеса. На крајот, двете смеси се соединуваат со рачно мешање.
Алвата се прелива во правоаголен калап со поставена проѕирна (најлонска) фолија и се завиткува во неа. Се става во фрижидер до стврднување, а потоа се послужува на мали коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г путер или маргарин, 100 г брашно, 100 г шеќер, 200 мл вода, 1 ванилин шеќер, ореви или кокос за декорација. Постапка: Растопете го путерот, па додајте го брашното. Постојано мешајте приближно 10 минути, бидејќи алвата лесно може да загори.
Во друго тенџерче ставете 200 мл вода и 100 г шеќер + кесичка ванилин шеќер и оставете сирупот да зоврие. Кога смесата со брашно ќе добие светлокафеава боја, додајте го сварениот сируп и внимавајте на рацете зошто може да прска.
Оставете ја смесата 10 секунди поклопена, па веднаш поченете со мешање за да не се создадат грутчиња. Алвата вадете ја на чинија со лажица и најдобро е да ја оставите во фрижидер малку да излади. Наросете со ореви или кокос по желба.