ДОМАШНА АЛВА НА КОНЦИ…Вкусен и едноставен десерт со семки од сончоглед…Повкусна од купечката, а не ви е потребно ниру брашно. Еве што ви е потребно за овој вкусен старински десерт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 24х12 см):
550 г семки од сончоглед (исчистени)
225 г шеќер
80 мл вода
40 г белки од јајца (од 1 јајце)
30 г течен мед
1 прстофат сол
екстракт од ванила по желба
1 лажица масло, по потреба
ПОСТАПКА:
Во сува тава истостирајте ги сончоглеовите семки со непрекинато мешање. Вкусот на алвата зависи од вкусот на семките. Треба добро да се истостираат и да бидат суви. Оставете да се оладат.
Ставете ги во блендер заедно со лажица мед и блендирајте додека да добиете фина паста. Внимавајте блендерот да не го прегреете, па по потреба прекинувајте го мелењето и промешувајте со шпатула.
Некаде пред крајот додајте лажица масло и продолжете со блендирање додека да добиете фина, мазна, полутечна паста. Префрлете ја во во некој подлабок сад и направете го сирупот.
Ставете шеќер и вода да се варат на умерена температура. Сирупот треба да има конзистенција на течен мед: сипете половина лажиче сируп во ладна вода и кога ќе го извадите со прстите треба да можете да формирате топче.
Изматете ја пенасто белката со прстофат сол за да добиете снег, па постепено сипете го топлиот сируп додека непрекинато матите, 1-2 минути. Снегот треба да биде густ и полутечен.
Измешајте ги двете смеси со шпатула додека да добиете хомогена, изедначена, виздушеста смеса. Сипете ја во калап обложен со хартија за печење, израмнете и оставете во фрижидер 3-4 часа.
Потоа можете да ја сечете и да ја послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ: