Потполно природен и здрав сок кој ќе направи чуда за вашиот имунитет. Здрав сок без готвење, приготвен според стар рецепт, одличен за имунитет и анемија.
А сè што ви е потребно за да го приготвите овој моќен напиток се: цвекло, јаболко, морков, лимон, мед и ѓумбир.
Потребни состојки: 4 поголеми лимони (ако не се многу сочни, тогаш ставете 6 лимони), 3 – 4 големи јаболка, 1 кг цвекло, 1 кг моркови, малку ѓумбир (по вкус), 1 тегла мед (700 г), но може да се заслади по вкус, 2 литри вода
Постапка: јаболката и зеленчукот убаво измијте ги и излупете ги, а потоа изрендајте ги во поголем и широк сад.
Убаво со чисти раце (најдобро да ставите ракавици) истискајте ја смесата, така што ќе ги промешате состојките, но и ќе ги стимулирате да го ослободат својот сок.
Потоа прелијте ги со вода, садот покријте го со фолија или поклопете го со капак, па оставете да отстои 10-24 часови на ладно место, а ако е топло, најдобро во фрижидер.
Следниот ден со помош на двојна газа исцедете го сокот и добро притиснете за да излезе колку е можно повеќе сок.
Во сокот додајте мед по ваш вкус, сок од свежо исцеден лимон и сок од ѓумбир (или ситно рендан). Добро промешајте за да се растворат состојките и изедначат, а потоа сокот складирајте го во претходно стерилизирани стаклени шишиња.
Чувајте го во фрижидер и најдобро е да го потрошите за мах седум дена, бидејќи не содржи конзерванс и може да се расипе.
Овој напиток треба да се пие секој ден, најдобро по една чаша наутро на гладно за да ви даде енергија и виталност. веќе после првата тура ќе се чувствувате многу поздраво, подобро, поенергично и полни со елан и радост во себе. Нека ви е на здравје! Постапката за приготвување можете да ја погледнете ОВДЕ.
Лек од Библијата стар 3000 години кој го обновува имунитетот и прочистува од токсини
Маслиновиот лист има многу лековити својства. Олеуропеинот е најактивното соединение во лисјата на маслиновото масло кое има докажан терапевтски ефект. Маслиновото дрво се споменува повеќе од илјадапати во Библијата.
Иако денес најпопуларниот плод на тоа дрво е самата маслинка, многумина не знаат дека маслиновото дрво има екстремно лековити лисја кои кријат бројни лековити својства, а најважното соединение во маслиновиот лист е олеуропеинот, кој има исклучително силно антибактериско дејство.
Маслиновиот лист го подобрува здравјето кај голем број болести предизвикани од микроби. Исто така, помага при грип, менингитис, хепатитис Б, пневмонија, гонореја и херпес.
Помага при постхи-руршки интервенции, како и инфекции на уринарниот тракт. Маслиновите лисја спречуваат габични инфекции. Употребата на чај од маслинови лисја може да помогне во лекувањето на пневмонија, гоно-реја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, хроничен замор, атеросклероза, менингитис, ботулизам, маларија, чир на желудник, дифтерија и инфекции на уринарниот тракт.
Редовното кон-сумирање на маслинови лисја помага да се зајакне целокупниот имунитет, но исто така служи и за обновување на енергијата во организмот, на пример по хемо-терапија.
Маслиновите лисја се исклучително лековити затоа што имаат антивирусно, антипаразитско, антибактериско и антифугално дејство преку кое е можно целосно да се надминат голем број на болести.
Рецепт за чај: Во чаша со 200 – 250 мл вода, додајте 15 – 20 суви маслинови лисја. Ставете ги лисјата во зовриена вода и варете ги уште 2-3 минути. Оставете ги листовите во водата да отстојат уште 10 минути, а потоа процедете го чајот.
Може да го пиете топол или ладен во комбинација со мед, неколку капки лимонов сок или без ништо. Чајот треба да се пие секој ден за да се почувствуваат подобрувања за разни болести.
Препорачливо е да се пие чај превентивно со цел да се излечите претходно споменатите болести. Чајните лисја најдобро се берат на пролет кога лисјата се млади, темелно се мијат и се сушат на собна температура. Лисјата е потребно да се чуваат во затворен херметички сад на темно и суво место.
Индиски лек стар 5000 години – прочистете го телото од т оксини на неверојатен начин
Телото има само два начина да се ослободи од ток-сините, едниот преку дебелото црево, а другиот преку плунковните жлезди. Пред 5.000 години, античките индиски списи опишаа метод на плакнење со растително масло во устата, и овој рецепт се покажал како многу ефикасен повеќепати.
Потребно ви е ладно цедено масло, сончогледово, маслиново или масло од сусам. Потребно е само да го чувате во устата 15 – 20 минути, а потоа треба да се исплука и да се исплакне устата со вода или чај.
Овој метод треба да се применува трипати дневно. Првиот пат се применува наутро на празен стомак, а следните двапати пред оброк. За време на чувањето на растителното масло во устата, се зголемува циркулацијата на плунковните жлезди, кои потоа се ослободуваат од т оксичните материи и важно е да се повтори дека маслото мора да се исплука по плакнењето во устата. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска