Домашен сладолед од јагоди со три состојки
Подгответе се за вистинско уживање со овој едноставен, а неверојатно вкусен домашен сладолед кој се прави за само пет минути!
Со само три состојки, овој рецепт е идеален за оние моменти кога сакате брзо да се засладите или да ги изненадите гостите со кремаст десерт.
Свежиот вкус на јагоди во комбинација со слатката павлака и кондензираното млеко создава совршена хармонија што ќе ве освои на првиот залак, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 500 мл слатка павлака
– 200 мл кондензирано млеко*
– 100 г јагоди (свежи)
– НМД
Домашно кондензирано млеко кое се приготвува лесно и брзо, за 5 минути, можете да подготвите според рецептот ОВДЕ:
ПОСТАПКА:
Ситно исечкајте ги јагодите. Во подлабок сад сипете ја ладната слатка павлака (од фрижидер), како и кондензираното млеко од конзерва.
Матете со миксер додека добиете густина на шлаг. Сипете ги јагодите и мешајте додека рамномерно се распоредат.
Сладоледот убаво затворете го (да не навлегува воздух, за да не се прават кристалчиња) и оставете го во замрзнувач 2-3 часа да се стегне.
Пред послужување оставете го неколку минути на собна температура за да отпушти и полесно да се обликуваат топки. Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
Совет: За дополнителен вкус, можете да додадете малку екстракт од ванила во смесата или да замените дел од јагодите со други бобинки по ваш избор. Уживајте во овој брз и неодолив десерт!