Домашен сируп – Ја лекува и најтврдоглавата кашлица…Само 3 состојки – Експекторант – Грип…Заштитува од настинка, грип и вируси. Помага во побрзо лекување на болестите на горниот респираторен тракт.
Сирупот од ловоров лист за кратко време го исфрла вишокот слуз и го олеснува дишењето. Баба ми редовно подготвуваше ваков сируп против кашлица и ова е докажан народен лек за респираторниот тракт.
Тој е одличен природен лек за бронхитис, настинка, вируси, сезонски грип и други респираторни инфекции. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10 ловорови листови
6 супени лажици шеќер
1 лимон
1 чаша вода
ПОСТАПКА:
Во сува тава стопете го шеќерот додека да добие убава карамел боја.
Сипете вода, почекајте една минута, па мешајте додека целосно да се растопи карамелот.
Намалете ја температурата и додајте ги ловоровите листови. Оставете ги да се варат 3 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган, поклопете и оставете да се олади.
Од лимонот исечете 2-3 тркалца, а од остатокот исцедете го сокот. Оладениот сируп процедете го во стаклена тегличка, додајте го лимоновиот сок и тркалцата. Чувајте затворено во фрижидер.
УПОТРЕБА: Возрасни: по 1 лажица 3 пати на ден. Деца: 1 лажичка 2 пати на ден. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
Не се препорачува за:
*Деца под 2 години
* Оние кои се алергични на некоја од состојките не треба да го консумираат.