Пилингот од кафе првенствено е делотворен кај сува кожа. Обилува со антиоксиданси, ја освежува кожата, ја хидратира и природно ја масти за да и ја даде неопходната еластичност.
Потребни состојки:
-свежо мелено кафе
-маслиново масло, ладно цедено
Постапка:
Јас користам само една шолја мелено кафе, но свежо смелено и маслиново масло ставам одокативно, додека да постигнам фина густина. Да речеме, ставам околу 200 мл масло на една поголема шолја мелено кафе.
Ова е наједноставната верзија за пилинг со кафе, а мене ми е најдрага затоа што веќе после две седмици користење можам да речам дека гледам голема разлика. Пилингот го користам на секои два дена.
Целулитот е многу чест кај жените, тоа го знам зошто долго време проучував зошто и како се создава, зошто сите во семејството го имаме генетски наследено. За тоа секако виновен е хормонот естроген и затоа мажите немаат целулит, т.е. многу ретко.
За една жена воопшто да нема целулит треба многу да вежба или природно да има повеќе тестостерон.
Овој пилинг е спас во заден час. Кофеинот е одамна познат како ефикасен борец против целулитот. Ја омекнува кожата и ја прави поеластична.
Јас вежбам доста, но сепак имам малку целулит и мене ми пречи, па затоа го користам овој пилинг.