I Рецепт: Сок од јаболко и морков
Потребни состојки: 3 кг излупени јаболка, 1 кг моркови, 1 кг шеќер, 10 л вода.
Подготовка: исечете го исчистениот морков и ставете го во тенџере, ставете вода, така што водата ќе го покрие морковот. Поклопете и варете додека да омекне. Некаде на половина од готвењето започнете да ги подготвувате јаболката. Излупете ги и ставете ги во поголемо тенџере.
Додека морковот е полуварен, ставете го во тенџерето со јаболка, бидејќи на нив им е потребно помалку време за готвење. Додајте ја и водата во која се варел морковот. Гответе додека да омекнат и оставете да се излади. Процедете ги јаболката и морковот и па сомелете ги заедно во блендер додека да добиете кашеста смеса. По потреба додајте од течноста во која се вареа.
Преостаната течност прелијте ја во некое поголемо тенџере, додајте ја кашата од измешаните јаболка и моркови, додајте 10 л вода и 1 кг шеќер, па вратете го садот на шпоретот и оставете да зоврие.
Откога ќе зоврие, варете уште 15 минути, отстранувајќи ја пената. Потоа тргнете го садот од оган и претурете во загреани стаклени шишиња и веднаш затворете со оригиналниот затворач. Наредете ги шишињата во кутија и завиткајте ги во ќебе. Кога целосно се излади сокот, префрлете го и чувајте го на поладно место.
II Рецепт: Во сокот од јаболко го додала овој зачин: за 30 дена сите алишта и биле големи
Повеќето луѓе кои го пробале овој сок се задоволни со резултатите, но една жена одлучила јавно да го открие своето искуство и точниот рецепт кој го користела, бидејќи за еден месец ослабела и „се преполовила“.
„Повеќето алишта сега ми се големи, но јас сум пресреќна – открива жената и дава точни мерки на состојките.”
Потребни состојки: 240 мл превриена/дестилирана/изворска вода, 1 лажица чист сок од јаболко, 1 лажичка чили во прав, 1 лимон непрскан (сок и кора), доколку е купечки убаво истретирајте го со сода бикарбона.
Постапка: „Излупете го лимонот и преку кората прелијте зовриена вода. После 10 минути додајте го сокот од лимон, сокот од јаболко и чили во прав. Пред секоја голтка добро промешајте и пијте пред секој оброк“, вели жената.
Како делува овој напиток:
Познато е и научно е докажано дека лутата пиперка го забрзува метаболизмот и на тој начин се стимулира согорувањето на мастите во телото. Поради капсаицинот кој го содржат чили пиперките, доаѓа до стимулирање на нервниот систем, телото се загрева и на тој начин повеќе се согоруваат калориите.
Поликосанолот од кората на лимонот помага во согорувањето на салото, а својствата на лимоновиот сок за метаболизмот се познати, додека сокот од јаболко помага во разложување на мастите во организмот.
III Рецепт: Лек за запек (опстипација) Во чаша млеко ставете малку јаболкова киселина: Ниедно апче нема побрзо и подобро да ви помогне.
Ако ви е потребно брзо и лесно решение против запек и за забрзување на метаболизмот, ова е одличното решение. Обично се применува кога 2, 3 или повеќе денови не се испразниле цревата, па потребно е итно да се испровоцира перисталтиката и да се придвижат цревата.
Потребни состојки: ½ чаша свежо млеко, 2 лажици јаболкова киселина, 2 лажици топла вода.
Постапка: Измешајте две лажици јаболкова киселина со две лажици топла вода. Оваа смеса додајте ја во половина чаша свежо млеко. Се пие наутро на празен стомак и се повторува се додека имате потреба за тоа. Оние што се интолерантни на млеко, едноставно нека се напијат топла вода во која претходно додале лажица јаболкова киселина.
Јаболковата киселина не само што ќе ви помогне против запекот, туку во целост ќе го подобри и вашиот метаболизам. А тоа секако, ќе помогне и да се ослободите од вишокот килограми.
Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате, вечерате…Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја седмица, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм.
Диетата ја осмислила американската нутриционистка Тами Флин, а истата подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко. Не смеете да го јадете јаболкото после оброк, ниту непосредно пред оброк, туку 15-20 минути пред јадењето.
На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Со други зборови, на некој начин ќе го измамите сопственото тело со тоа што ќе му обезбедите витамини, минерали и влакна, па за време на оброкот нема бидете толку гладни.
Кога јадете јаболка вие во телото внесувате многу важни минерали како што се калциумот, калиумот и фосфорот. Овие минерали му се потребни на телото за извршување на различни функции, како што се зајакнување на коските (калциум), изградба на мускули (калиум) и исфрлање на непотребните продукти ( фосфор).