Заборавете на сирупите од рекламите – најефикасниот лек за кашлица е оној на нашите баби со црна ротквица.

Како најдобро и повеќепати докажано средство против бронхитис, сува кашлица и хронична кашлица кај деца и возрасни е – црната ротквица со мед.

Овој рецепт сигурно им е познат на повозрасните затоа што го правеле нивните баби. Благодарејќи на природните состојки, не само што е единствен и вкусен, туку е исклучително корисен.

Овој природен лек е одлично средство за искашлување при болести на горниот респираторен тракт. Децата го сакаат овој сладок лек, па честопати бараат и повеќе. Не предизвикува нус појави, а многу е едноставен за приготвување.

РЕЦЕПТ

Треба да набавите една поголема црна ротквица со тежина од околу 400-500 г. Потребен ви е квалитетен мед, или во краен случај, доколку го немате, може да послужи и шеќер. Но, секако дека е подобро лекот да се приготви со мед.

Подготвувањето на сирупот започнува одвечер, а се консумира следниот ден.

Постапка:

1.Ротквицата добро измијте ја и исушете ја. Ако не е рамна, исечете го малку долниот дел за да стои рамно, или ставете ја во чаша.

2.Отсечете го горниот дел, кој подоцна ќе ви биде потребен.

3.Направете вдлабнување во ротквицата, а околу дупката оставете дебелина на ѕидовите околу 2 см. Во дупката ставете две лажици мед, за да се исполни повеќе од половината или 4 лажици шеќер (ако постои алергија од мед).

4.Затворете со капакот- горниот отсечен дел. Оставете да преноќи.

За тоа време во ротквата ќе се појави лековитиот сируп. Наутро се започнува со консумација.

Употреба: За возрасни: по една супена лажица, 4-5 пати дневно, неколку минути пред оброк. За деца: по една чајна лажичка, 4-5 пати дневно пред оброк.

Во текот на денот сирупот ќе го потрошите, а навечер во истата ротквица повторно додадете мед. Истата ротквица можете да ја користите два до трипати максимум, а потоа мора да ја промените и лекот да го приготвите во нова ротквица.

Со овој лековит сируп многу брзо доаѓа до ослободување од кашлицата, а децата го прифаќаат со задоволство.

Единствено, треба да внимаваат дијабетичарите и деца помлади од една година, бидејќи поголема колична мед може да предизвика алергија.

Покрај делотворноста, постојат контраиндикации за користење: акутни болести на гастроинтестиналниот тракт, црн дроб, жолчна кеса и бубрези.