Сигурно секој од нас барем еднаш во животот се соочил со силна, тешка и упорна кашлица. Кашлицата знае да биде многу непријатна и исцрпувачка, бидејќи телото се обидува да се ослободи од вишокот слуз во белите дробови, па постојано се грчи.
Поради тоа, секој од нас бара начин како да се ослободи од овој секрет и на тој начин да се спаси и од упорната кашлица.
Голем број од луѓето посегнуваат сами по лекови и антибиотици, без консултација на лекар, само побрзо да се ослободат од непријатната тегоба и повторно да почнат да дишат слободно.
Меѓутоа, како што сите знаеме, антибиотиците мора да се земаат кога се неопходни, односно само кога ќе ги препише лекар. Во сите други случаи се контрапродуктивни и повеќе прават штета отколку што помагаат.
Кога станува збор за деца, задолжително мора да ги прегледа нивниот лекар и било што ќе се преземе да биде со негово одобрување.
Покрај советите на лекарот, може да помогнат и облогите од мед кои се покажале како извонреден начин за лекување на кашлицата.
Потребни состојки:
-домашен мед
-маслиново масло
-брашно
Постапка:
Потребно е да промешате брашно по потреба (зависи колкава облога ќе правите) и малку маслиново масло колку да се натопи брашното.
Добро промешате го за да се соедини. Потоа додадете мед. Смесата треба да биде изедначена и компактна.
Добиената смеса ставете ја памучна чиста салветка, а преку неа ставете газа. Облогата свртена со газата ставете ја на грбот или на градниот кош на детето и фиксирајте ја со леплива лента или фластер.
Најдобро е ова да се направи три часа пред детето да си легне.
Сите кои ја користеле оваа смеса тврдат дека се многу задоволни, дека нема ниедна негативна реакција, а тоа е најважно кога станува збор за децата. Сепак кај децата со алергии на кожа треба особена внимателност.
Оваа облога можат да ја користат и возрасни лица.