Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стереење на кожата. Им одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати има за само седум дена.
ДОМАШЕН КРЕМ ПРОТИВ БРЧКИ
Потребни состојки:
За приготвување на кремот ќе ви биде потребно:
1 супена лажица бадемово или маслиново масло
1 жолчка
1 чајна лажица мед
2 чајни лажици вазелин
Постапка:
Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки: мед, жолчка и масло. Претходно жолчката убаво изматете ја со медот и маслото, па кога ќе додавате во млакиот вазелин, внимавајте да не ви се свари и да не ви се направат грутки.
Сите состојки добро промешајте ги. Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса.
Добиениот крем складирајте го во кутивче од 50 мл.
Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.
Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер. Кога ќе се потроши, направете уште една доза.
Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза веднаш, за да не ви се расипе.