Потребни состојки:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

2 лажици какао

1 прашок за печиво

6 лажици топла вода

За фил:

500 мл слатка павлака

1 кесичка желатин

4 лажици ладна вода

За чоколаден прелив:

200 г чоколадо

2 лажици масло

50 г путер/маргарин

50 мл вода

За глазура:

100 г чоколадо

50 г путер/маргарин

2 лажици масло

Постапка:

Изматете 3 белки со 3 лажици шеќер, потоа додадете жолчки и соединете, па додадете ги сувите состојки, 3 лажици брашно, 1 лажица какао, 1/2 кесичка прашок за печиво и 3 лажици топла вода.

Промешајте со лажица и излејте ја смесата во плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 10-15 минути. На истиот начин направете уште една кора.

Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете 10 минути да набубри. За тоа време изматете ја слатката павлака. На тивок оган растопете желатин, па додадете во изматената слатка павлака и матете додека да се соедини.

Во еден сад растопете чоколадо за прелив, со масло, путер и вода, па изладете.

Кората премачкајте ја со половина од изматената слатка павлака, потоа нанесете прелив, ставете 10-тина минути во фрижидер, па нанесете го и вториот дел од филот.

Ставете ја втората кора и на крај глазурата.

Оставете да се стегне, па сечете по желба.