Home Десерти Домашен еурокрем без адитиви, многу вкусен, се добива 1,5 кг…Децата многу го...

Домашен еурокрем без адитиви, многу вкусен, се добива 1,5 кг…Децата многу го сакаат!

Никој не го одбива овој фантастичен намаз. Рецептот за домашен еурокрем е доста едноставен, а добивате речиси 1,5 кг од ова слатко задоволство. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 литар млеко,
200 г квалитетен путер,
6 лажици брашно,
6 лажици какао во прав,
200 г шеќер во прав,
1 јајце и
200 г лешници

Постапка:

Лешниците сомелете ги или исечкајте ги во блендер. Но, колку поситно ги сомелете, толку е подобро. Измешјате ги какаото, брашното и шеќерот во прав. Во оваа смеса додајте половина литар млеко и јајце, па добро промешајте за да се изедначи.

Втората половина од млекото ставете ја на оган да зоврие. Потргнете го малку млекото и со постојано мешање додајте ја претходната смеса. Сипете го и лешникот. Вратете на тивок оган и со постојано мешање варете додека да се згусне.

Згуснатиот крем тргнете го од оган, па додајте го во него путерот и промешајте за да се растопи и да се соедини. Кремот оставете го да излади целосно, а потоа убаво измиксајте го со миксер. Оставете го во фрижидер да преноќи.

Домашната Нутела се чува во фрижидер, во стаклена тегла до 1 месец. Уживајте во овој превкусен крем и не заборавајте да го споделите со вашите пријатели.

Коментар на Валентина Петкова Николовска:

„Мојот рецепт за крем е следниот: ладно цедено ленено масло, какао, мелени лешници, мед, за вкус екстракт од ванила, многу малку растително масло…сè се меша. Соодносот е по вкус. И навистина е многу вкусно, но малку скапо.”