Сигурно сте слушнале за второто име на црниот дроб, а тоа е – внатрешна лабораторија на нашиот организам, бидејќи извршува многу важни функции. Некои од нив се разградба на мастите и елиминација на токсините.
Лошата исхрана и лошите навики влијаат врз работата на сите внатрешни органи, па така и на црниот дроб. Кога ќе ослабат неговите функции тоа веднаш се рефлектира на целиот организам, а најпрво се покажува на кожата која станува нечиста, се јавува јадеж, алергии, егзема…
Затоа, мора да се храните здраво и да ги исфрлите штетните намирници.
Она што може да ви помогне е овој природен напиток кој има многу предности за вашето здравје:
-ја чисти крвта
-помага да се регенерира црниот дроб
-го јакне имунитетот
-го детоксицира телото
-спречува воспаленија и инфекции
-делува антиканцерогено
-делува како антиоксиданс
-го подобрува метаболизмот
-го намалува нивото на шеќер
-го намалува нивото на холестерол
-добро делува врз здравјето на кожата
Потребни состојки:
1-2 лимони
1 краставица
½ или цела китка магдонос
200 мл вода
Постапка:
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете еднолична смеса. Ако лимонот е органски, тогаш употребете ја и кората.
Овој напиток пијте го секој ден наутро, во текот на еден месец. А потоа направете пауза од 2-3 седмици. По потреба повторете ја постапката.