Честопати луѓето се вртат кон природната медицина кога конвенционалната не може да им помогне или кога се принудени да примаат токсични медикаменти со кои не им се гарантира позитивен резултат.
Една читателка од Цазин се пофалила дека самата си помогнала со алтернативна медицина, нагласувајќи дека конвенционалната медицина не и помогнала во решавањето на овие проблеми. Таа вели дека интензивно започнала со проучување на природната медицина и истита да ја применува. Па така открила бројни народни лекови кои навистина делуваат и се многу ефикасни:
„Отечени крајници ќе излекувате со мед од костен намачкан на крпа и наросено со мелен црн пипер, па како облога завиткајте ја околу вратот. Преку ноќ крајниците ќе се повлечат ако медот е навистина природен.
Реумата во рацете лично самата си ја излекував после долгогодишното, неуспешно лекување од моите лекари, трпнењето на раце и силните болки кои претежно ме совладуваа навечер. Еве го рецептот:
Потребни состојки:
2 кг природен ливадски мед
1 литар дождовница или дестилирана вода
250 г сува детелина луцерка
Постапка:
Детелината гответе ја еден час на тивок оган, поклопено. Потоа процедете и кога чајот ќе излади додадете го медот. Промешајте убаво за да се соединат.
Употреба:
2 супени лажици после јадење, трипати дневно.
После овој третман 10 години не ми трпнат рацете, престанаа ноќните неиздржливи болки и будењето, не ми паѓаат работите од раце…“ – вели оваа читателка.