Слично е на пита, но има многу богат вкус и преубав мирис кој ќе ве воодушеви. Овој ручек чиј рецепт го имам 2 години е еден од омилените. Сите што го пробале кај мене ми побарале рецептот. Сѐ што треба да направите е да ги соедините состојките, да го исечкате зеленчукот и да ставите на печење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 црвена пиперка, 1 жолта пиперка, 3 главици млад кромид, 1 домат, 1 виолетов кромид, 500 г мелено месо, 1 компир, 4 јајца, сол, црн пипер, 100 г фета сирење, 300 мл млеко, 200 мл масло, 2 кесички прашок за печиво, 430 г брашно, 100 г кашкавал.
ПОСТАПКА: Црвената пиперка пресечете ја на половина, а потоа на четвртина и исчистете ја од дршката и од семките. Секоја четвртина пресечете ја долгнавесто и тенко, а потоа исечете на ситни коцки. Истата постапка повторете ја и со жолтата пиперка.
Младиот кромид пресечете го на ситни кругови и ставете го настрана со исечканите пиперки. На крајот се сече доматот кој е потребно да се пресече на ситни коцки исто како и пиперките. Виолетовиот кромид пресечете го исто како и другите зеленчуци, на ситни коцки.
Компирот изрендајте го на најкрупната страна од рендето и ставете го настрана за да ги испушти своите течности и да можете да го процедите. Во посебен сад скршете 4 јајца и посолете со половина лажичка сол. Изматете ги јајцата со жица или маталка, а потоа додајте го исцедениот компир.
Компирот треба да го процедите со раце пред да го додадете во јајцата, колку што е можно повеќе додека да биде целосно сув. Фета сирењето пресечете го коцки, па додајте го во смесата со јајцата. По желба може да користите и некое друго сирење, а доколку е премногу солено, нема потреба од додавање на сол.
Откога сите состојки ќе ги исечкате, сиот зеленчук додајте го во садот со јајцата заедно со месото. Посолете со црн пипер, може и малку сол по вкус. Потоа додајте го млекото, маслото и со дрвена лажица промешајте ја смесата. Потребно е да подготвувате во поголем сад за да ви ги собере сите состојки.
Откога ќе се изедначат состојките, додајте ги кесичките прашок за печиво и брашното и повторно измешајте додека да добиете густа смеса. Во тава со поставена хартија за печење, намастете ја и разлејте ја густата смеса и разлејте ја по целата површина на тавата. Изрендајте 100 г кашкавал и наросете го врз густата смеса.
По печењето пресечете на големи коцки. Претходно оставете малку да излади, а потоа послужете. Одлично се комбинира за ручек или вечера, а е многу вкусно. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно 25 – 30 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.