Преку одредени симптоми нашето тело нè предупредува дека нешто не е во ред. Дури и некои помали знаци може да бидат предупредување дека некаде во нашиот организам не функционира како што треба.
На пример, зголемена темепратура се јавува кај грип, но тоа е можно доколку дошло до некоја инфекција во организмот.
Ако започне да опаѓа косата или да се лупат ноктите, може да укажува на дефицит од витамин Б комплекс во организмот.
Бели точки на ноктите укажуваат на веројатен недостиг на железо во крвта.
Зголемено опаѓање на косата и задоцнети менструални циклуси, може да укажуваат на проблем со полицистични јајници. Проблемот е решлив и не треба да чекате да се комплицира состојбата.
Изгледот на столицата и урината, како и фрекфенцијата на уринирање, присутност на болка или други аномалии при дефекација или уринирање, исто така може да бидат аларм и да упатуваат на некоја здравствена состојба.
Ниедни симптоми не треба да ги занемарувате, туку треба да се посоветувате со вашиот лекар и доколку е потребно да започнете со лекување.
Интересно е дека постои мислење дека одредени делови од нашата дланка се поврзани со внатрешните органи и проблемите кои се случуваат во нив.
Лесното масирање на тие точки ги намалува болките и стимулира подобро функционирање на тие органи, што не значи дека не реба да посетите лекар доколку забележите необични симптоми.