Лекарите објавија добра вест!
Пациентите кои поради коронавирусот се сериозно болни во државата Њујорк добиваат огромни дози витамин Ц.
Ова се прави врз основа на ветувачкиот извештај дека им помогнал на луѓето кои биле тешко погодени во Кина.
Д-р Ендру Г. Вебер, пулмолог вели дека неговите пациенти на интензивна нега со коронавирус веднаш добиваат 1500 милиграми интравенски витамин Ц.
Идентичнаа количина од силниот антиоксиданс повторно се применува три до четирипати дневно, вели тој.
Оваа доза е 16 пати поголема од дневните препораки за витамин Ц во исхраната според Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.
Во болниците во Њујорк се раководат со експерименталниот третман кој бил применуван врз лица со корона вирус во Шнагај во Кина, изјавил Вебер за nypost.
“Пациентите кои примаа витамин Ц се значително подобри за разлика од оние кои не добиваа витамин Ц” – вели тој.
Инаку, клиничкото испитување за ефикасноста на интравенскиот витамин Ц врз пациенти заразени со Ковид-19 започна на 14 февруари во една болница во Вухан.