Детоксикациската диета трае десет дена и има извонредни резултати. Ова се принципите на исхрана од докторот кој живеел 103 години.
–Диетата на доктор Углов, најдобриот хирург на сите времиња, трае само десет дена, а совршено го детоксицира организмот–
Еден од најголемите хирурзи на сите времиња, професорот Фјодор Углов, живеел 103 години. Тој ја практикувал “диетата за сите пригоди” и строго се придржувал до режимот.
Овој начин на исхрана тој го осмислил со цел да се прочисти организмот и на тој начин да се исфрлат отровите од телото.
Според овој хирург, не е важна само храната, туку и времето кога се земаат оброците. Еве што тој практикувал за чистење на телото:
Појадок:
Шолја црн чај или домашно кафе без шеќер. Едно варено јајце и осум суви сливи. Сливите секогаш треба од вечер да се потопуваат во вода.
Ручек:
Двеста грама варено пилешко или немасно месно или риба. Сто грама свежа или варена зелка или морков.
Ужина:
Триесет грама тврдо кравјо сирење, јаболко или портокал.
Вечера:
Една шолја кефир или кисело млеко.
Диетата трае десет дена и има извонредни резултати.
Ова се неговите совети, како да постигнете здравје и долговечност:
-Недостигот од движење е главниот непријател на здравјето. Колку повеќе се движиме, толку повеќе размислување.
-Мора да престанете со консумирање на алкохол и цигари.
-Ограничената исхрана ја елиминира дебелината. Никогаш нема да бидете дебели доколку внимавате што и колку јадете.
-Спијте најмалку 7 часа дневно.