ДИЕТАЛНИ КОЛАЧИ БЕЗ ШЕЌЕР: За здрави и цврсти коски, за здрава простата, цврсти нокти и сјајна коса! Овие колачи изобилуваат со витамини и минерали кои му помагаат на телото да се регенерира. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

120 г урми (15 мин во вода)
50 г сува брусница (15 мин во вода)
30 г овесни снегулки малку истостирани и мелени
60 г бадеми истостирани и мелени
30 г кикирики истостирани и ситно сечкани
20 г семки од тиква ситно сечкани
15 г сусам истостиран
15 мл мед или по вкус (може и меласа)

За глазура:
130 г темно чоколадо без шеќер (висок % на какао)
20 мл масло
сечкани семки од тиква за декорација

ПОСТАПКА:

1.Сувото овошје откако ќе се хидрира во вода, процедете го и изблендирајте го. Истостираните овесни снегулки и бадеми сомелете ги ситно во блендер.

4.Измешајте сè заедно, сите наведени состојки. Најдобро е смесата да ја измесете со рака за да се поврзат намирниците.

5.Кинете од смесата, обликувајте топчиња или полнете калапчиња, најдобро силиконски. Добро натапкајте и оставете 15 минути во фрижидер.

6.Растопете го чоколадото со маслото, па пополнете ги калапчињата со глазура и одозгора поросете сечкани семки од тиква.

7.Колачите оставете ги да се стегнат и оладат, 30-40 минути во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.