Женскиот организам со годините се менува, а во склад со тоа, треба да се менува и исхраната.

Здравите жени до своите 30-ти години може да јадат што ќе посакаат без последица на нивното здравје и линија.

Секако, секогаш е подобро да се избере поздрав начин на исхрана, но факт е дека во младоста телото побрзо и подобро “простува” многу гревови.

Меѓутоа, од 30.роденден натаму, состојбата се менува…

ТРИЕСЕТИ

Во оваа деценија жените балансираат помеѓу работата, малото дете, пријателите, вежбањето, домашните обврски. Поради исклучително брзиот и стресен живот, исхраната мора да ги содржи следниве состојки: Железо, фолна киселина и калциум. На организмот му се потребни 18 мг железо дневно за да се заштити од анемија и за да има силен имунитет.

Ако жена во своите 30-ти години се обидува да забремени, многу е важно е да прима фолна киселина, бидејќи е важен дел од бројни метаболички процеси, особено за диференцијација и раст на клетките на ембрионот. Потребите за фолна киселина во бременоста се зголемени и не можат да се задоволат со вообичаената исхрана, па затоа е потребно дополнително да се внесуваат. Препорачан внес на фолна киселина е 400 микрограми дневно.

Калциумот е исто така, многу важен за одржување на здравјето на коските. Жените започнуваат да ја губат коскената маса мосле 35 година. На жените од 19 до 50 гоишна возраст им е потребно 1000 мг калциум дневно, но повеќето од жените не ја внесуваат во организмот оваа количина.

Споменатите состојки може да се најдат во житарици, сусам, мешунки, немасно месо и некои млечни производи.

ЧЕТИРИЕСЕТИ

Жената е растргната помеѓу работата, децата, родителите кои стареат – на сите нив им е потребна. Исто така, килограмите веќе не се симнуваат така лесно како порано. Затоа, исхраната задолжително мора да вклучува влакна, калиум, калциум како и намирници богати со живи, хранливи материи, но ниска калорична вредност.

Метаболизмот во 40-тите полека се успорува. Истовремено, нивото на холестеролот и крвниот притисок може да растат како се наближува менопаузата, а жената се изложува на се поголем ризик од болести на срцето и дијабетес тип 2.

Затоа треба да се внесуваат доволно влакна (најмалку 25 грама влакна дневно) и намирници богати со калиум (цел е 4700 милиграми дневно). Обете се содржат во интегрални житарици, овошје и зеленчук. Со помош на оваа храна жената се чувствува сито, а нема да претера со калории.

Калциумот и натаму е важен минерал, па дневната доза треба да остане иста – 1000 милиграми.

ПЕЕСЕТИ И ШЕЕСЕТИ

Во овој период од својот живот, жената најпосле воспоставува контрола врз својот живот. Само уште кога би можела истото да го направи и со своите хормони. Во текот на овие две децении од својот живот, жената задолжително мора да зема витамин Б, антиоксиданси, калциум, витамин Д. Без разлика на тоа колку одлично изгледа и се чувствува, телото поминува низ големи промени благодарение на менопаузата. Како што нивото на естроген се намалува, така жената е се повеќе изложена на ризик од болести на срцето, остеопороза и други здравствени проблеми кои доаѓаат со годините.

Срцето треба да се заштити со витамините Б6 и Б12 (препорачан дневен внес е 1,5 милиграм витамин Б6 и 2,4 микрограми Б12). Тие ќе бидат сојузници за да се држи под контрола хомоцистеинот чие зголемено ниво се поврзува со ризик од болести на коронарните артерии, срцев и мозочен удар, како и тромбоемболија кај луѓе кои имаат нормално ниво на холестерол.

Треба да се внимава и на видот и очите. Старечката катаракта може да се спречи со храна богата со антиоксиданси. Симптомите на менопаузата може да се ублажат внесувајќи во организмот фитоестрогени, односно билни естрогени кои можат да ги ублажат топлите бранови – валунги. Се смета дека фитоестрогените можат и да го намалат ризикот од рак на дојка.

Калциумот, минералот кој ги јакне коските, е најважен токму во овој период, па затоа се препорачува зголемување на дневната доза на 1500 мг во постменопауза. Бидејќи речиси 70% од жените од 51 до 70 година не добиваат доволно витамин Д, кој е важен за апсорпција на калциумот, треба да се води сметка да се консумира најмалку 400 IJ дневно. Треба да се јадат јајца, риба, пилешко, овошје – особено банани и агруми, зеленчук и различни јаткасти плодови.