Потребно е за кратко време да ослабете, но не можете така лесно да се откажете од храната?
Тогаш, оваа диета е совршен избор доколку овој викенд треба да ослабете 5 килограми. Со внесување на многу малку калории, а благодарение на компирите, ќе се чувствувате сити и задоволни за време на оваа диета.
Трае само 3 дена, а вие можете да изгубите тежина и до 5 килограми. За време на оваа диета вие јадете варен компир и пиете јогурт со минимални млечни масти.
Скробот од компирот заедно со млечната киселина од јогуртот обезбедуваат минимален внес на калории.
Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот започнува да набубрува во вашиот стомак, што ни дава чувство на ситост. Постојат тврдења дека компирите дебелеат, но тогаш најчесто се мисли на пржениот компир, односно на помфритот.
Компирот содржи витамини и минерали, а поради тоа што содржи диетални влакна, тој ја подобрува дигестијата и работата на цревата.
100 грама компир содржат 75 калории, што е помалку од една чаша сок од портокал што содржи 90 калории.
Од друга страна, јогуртот го регулира дигестивниот систем, ги отстранува вишокот течности, токсини и други штетни материи од организмот и ја поддржува добрата цревна флора.
Прв ден
Појадок: еден варен компир без сол, и една чаша јогурт
Ручек: два варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: две чаши јогурт
Втор ден
Појадок: една чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, една чаша јогурт
Трет ден
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: еден варен компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: една чаша јогурт
ВАЖНО: Исхраната е многу рестриктивна и не се препорачува за луѓе кои практикуваат физичка активност или имаат здравствени проблеми.
Не смее да се користи повеќе од три дена !!!
Предноста со оваа диета е тоа кратки и брзи резултати се постигнати “благодарение” на екстремно ниска калорична вредност на оброци.