Клучната состојка на диетата СИКРЕТ е специјалниот напиток кој вие сами треба да си го приготвите.

Овој напиток е исклучително корисен за стимулирање на вашето тело и ефикасно согорување на мастите.

Потребни состојки:

8 чаши вода
1 лажица рендан корен од ѓумбир
1 свежа неизлупена краставица (изрендана)
1 исечен лимон (на тркалца, или поситно)
     12 листови од нане

Постапка:

-Измешајте ги сите состојки во една голема тегла, ноќта пред консумирање.
-Консумирајте го напитокот во текот на денот
-Доколку сакате, можете да го продолжите третманот и во следните 4 дена

Ако го комбинирате овој напиток со балансирана исхрана, тој ќе ви помогне да добиете рамен стомак.

Најголема корист од овој пијалак е тоа што ќе постигнете топење на вишокот масно ткиво, без притоа да се измачувате со ригорозни диети.

Бидејќи водата е клучна состојка, овој пијалак ефикасно го стимулира вашето тело во прочистување од токсини, преку подобрување на метаболизмот без притоа да предизвика несакани ефекти.

Сепак, треба да бидете свесни дека со пиење на исклучиво овој напиток а задржување на старите лоши навики, нема да постигнете некој добар резултат.

Напитокот е немоќен ако вие за појадок изедете бурек со јогурт, пиете кока-кола во текот на денот, имате обилен мрсен ручек, а доцна за вечера изедете голема пица.

Свесноста и целта за здраво тело се најважни, а овој магичен напиток ќе ја исполни вашата желба доколку се придржувате на основните правила за здраво живеење:

-Комбинирајте урамнотежена исхрана, поделена во 5 помали оброци (појадок, ручек, вечера и две ужини помегу главните оброци);

-Редовна физичка активност (ако немате добра кондиција, доволно ќе биде за почеток да правите 30 минутна прошетка на чист воздух);

-Важно е да испиете 8 чаши од напитокот кој ќе овозможи здрава дигестија и одржување на соодветните телесни функции.