Готвачот Паскал Козолино, автор на книгата “The Pizza Diet, Eat This, Not That!”, го открива најздравиот начин за намалување на калориите со помош на едно од најомилените јадења во светот, без „жртвување“ на неговиот вкус.
1.Направете ја кората потенка колку што можете. Освен што тестото од бело брашно е преполно со калории туку и нагло го подига нивото на инсулин, во него нема баш многу нутриенти. Добар избор би било тесто направено од интегрално брашно.
2.Сечете ја пицата на помали парчиња. На тој начин ќе одбегнете прејадување.
3.намалете ја количината на кашкавал. Доколку не можете целосно да го елиминирате, поросете ја пицата со лажица пармезан (содржи само 22 калории).
4.Отстранете ја вишокот маснотија. Доколку на површината од пицата се појави „вирче“ од кашкавалот, соберете ја истата со хартиена салветка. Верувале или не, на овој начин можете да намалите до 40% калории.
5.Одбегнувајте сувомеснати производи. Наместо нив, најдобро би било да направите „медитеранска“ пица со кромид, зеленчук (пиперки, домати) и маслинки.
6.Додадете зачини. Познато е дека чили пиперката и свежиот црн пипер го забрзуваат метаболизмот.
7.Доколку сте порачале пица, не ја консумирајте од картонската кутија. Наместо тоа, послужете ја храната во помали чинии. Истражувањата од Технолошкиот Институт во Џорџија покажале дека луѓето кои консумираат храна во големи чинии внесуваат до 22% повеќе калории.