Се нарекува уште и најкратката диета на светот, но таа веќе за многумина стана стил и начин на живеење. Дали некогаш сте слушнале за диета од 8 часови? Многу е едноставна: дозволено ви е сè да јадете, но да не се прејадувате во текот на 8 часови!
На прв поглед можеби ви звучи премногу просто, но сепак има некои правила кои треба да се почитуваат и замки, кои доколку не ги почитувате, ќе немате успех во диетата.
На прво место, неопходно е да се јаде само во рамките на 8 часови во текот на денот, а останатите 16 часа (во кои влегува и спиењето) дозволено е да се пие само вода, билковни чаеви (незасладени!), а дозволена е и незасладена лимонада.
Експертите советуваат тие 8 часа да бидат во период од 9:00 до 17:00, доколку е возможно, бидејќи тогаш оваа диета дава најголеми резултати.
Меѓутоа, сите знаеме дека урбаниот начин на живеење, речиси и да не дозволува оброци во овој период, ако се земе во предвид работното време токму од 9 до 17 часот. Затоа се можни отстапки. Оптимално време е од 8 наутро до 19 часот, па во рамките од овој период одберете ги вашите 8 контимуирани часови.
Секако, во тој период треба да се јаде, но само 8 часа во текот на денот. И она што е најважно, диетата од 8 часови подразбира дека тие 8 часа не мора да во ист период секој ден.
На пример, во текот на работните денови може да биде во период од 8 до 16 часот, а преку викенд од 11 до 19 часот. Но, најважно е после тоа да не се внесува ништо освен течности (вода, билковен чај, лимонада, и сето тоа, се разбира, без шеќер). И не заборавете да правете растојание помеѓу главните оброци кои мора да биде 4 часови.
Она што особено ќе ве воодушеви е менито, а правилото е едноставно: сè е дозволено. Имено, менито ги подразбира навистина сите намирници, но само доколку ги јадете во одредено време. Меѓутоа, иако се дозволени сите намирници, би требало да внимавате и да се обидете да консумирате здрави намирници.