Шведска стана првата развиена земја која подготвува национални насоки за исхрана со кои ќе ги отфрли општоприфатените догми за немасната храна, а советува исхрана со низок удел на јаглехидрати и висок удел на масти – LCHF.

Пресвртницата во препораките за исхрана следеше по објавувањето на резултатите од двегодишнишната студија на независниот шведски Совет за проценка на здравствената технологија. Работна група од експерти разгледале резултати од повеќе од 16.000 научни студии објавени до 13 Мај 2013 година.

Шведскиот доктор Андреас Енфелдт, автор на најпопуларниот блог во Скандинавија од областа на здравјето DietDoctor.com, ги пренесува најважните заклучоци од студијата:

„Здравствените индикатори се подобруваат заедно со исхраната која подразбира низок удел на јаглени хидрати:

… Значително зголемување на нивото на ХДЛ холестеролот (т.н. добар холестерол), без никакви негативни ефекти врз нивото на ЛДЛ холестеролот (т.н. лош холестерол). Ова се однесува за умерен внес на јаглехидрати (до 40% од вкупните калории), и за построга диета, со помалку јаглехидрати (20% калории).

Покрај тоа, строгата диета со помалку јаглехидрати води кон подобрување на нивото на гликоза кај лицата со вишок килограми и дијабетес, со маргинално намалување на нивото на триглицеридите.“

Д-р Енфелдт исто така, ја пренесува статијата од шведските весници во која се известува за наодите од работната група:

„Путерот, маслиновото масло, полномасната павлака и сланината не се штетна храна. Вистината е токму спротивна. Мастите се најдобра храна за оние кои сакаат да ослабат. И не постои врска помеѓу конзумирањето на високи масти во исхраната и кардиоваскуларните болести.“

Кога сме веќе кај диетата која го освои светот:

Овој режим на исхрана подразбира намалено внесување на јаглехидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините.

Уште една поволност на оваа диета е што можете да заборавите на калориите и одредените часови во кои смеете да јадете, но затоа мора да се придржувате до правилата.

Шведската диета ги дели намирниците на 3 основни групи:

Дозволени намирници

– Сите видови месо

– Сите видови риби и ракови

– Јајца на сите начини

– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)

– Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)

– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)
Дозволени понекогаш

– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер

– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.

– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)
Не е дозволено

– Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи

– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)

– Маргарин и рафинирани масла

– Алкохол, посебно пиво

Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да ослабете некој килограм без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии.