Фото и рецепт: Александра Босиоциќ Дроњиќ

Џемот од смокви е крал на медитанските џемови според моето скромно мислење. Со себе го носи вкусот на летото и во зима.

Потребни состојки:

1 кг
250 г шеќер
1 лимон – сок

Постапка:

Постапката е многу лесна. Наберете ги смоквите, па измерете ги. На еден килограм овошје ставете 250 г шеќер и сок од еден лимон.

Смоквите излупете ги, наросете ги со шеќер и оставете ги половина час (може и подолго, ако ги оставите на неколку часови, тогаш ставете ги во фрижидер).

Потоа ставете ги на тивок оган да се варат 20-25 минути. Пред самиот крај додадете го сокот од лимон.

Веднаш полнете го џемот во загреани тегли, затворајте ги со капаци и превртувајте ги теглите наопаку за да се вакумираат. Завиткајте ги во нешто и оставете ги така да се оладат.

Ова е класичен рецепт. Некои додаваат цимет, рум, ванилин шеќер, лимонова кора…по вкус, но, искрено, мене сè друго ми е вишок на овој џем.

Фото и рецепт: Александра Босиоциќ Дроњиќ