Фото и рецепт: Марина Трајанова
Потребни состојки:
3 кг црни сливи
1 кг шеќер
150 мл рум
ванилин шеќер
цимет по желба
Постапка:
1.Сливите добро измијте ги и ставете ги врз кујнска крпа да се исушат.
2.Потоа пресечете ги на половина и отстранете им ги семките.
3.Рерната загрејте ја на 200 степени.
4.Сливите измешајте ги co шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа ставете ги во длабока тава co капак, но бидете внимателни тавата да не биде пренатрупана co сливите, бидејќи џемот ќе врие и може да ви ја испрска рерната.
5.Тавата поклопете ја co капакот и ставете ја на средина во рерната. Првите 30 минути тавата чувајте ja поклопена, a потоа промешајте ги сливите. Капакот отстранете го и оставете го џемот да се пече од 2 до 2,5 часа, co повремено мешање.
6.Кога џемот ќе се згусне додадете ги румот и циметот, и печете уште 10 минуги.
7.Готовиот џем од црни сливи извадете го од рерна и ставете го во топли стерилизирани тегли (чувани во топла рерна 15-тина минути на 50 степени). Теглите затворете ги co метални капачиња, па стерилизирајте ги во рерна на 50-100 степени најмалку 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете ги теглите неколку часа за да се изладат.
Џем од модри сливи во рерна (Фото и рецепт: Марина Трајанова)
*На половина од печењето може да се стави околу 100 мл винска киселина и да се промеша, за да се сочува црвената боја.