Познатиот готвач успеал драстично да го промени својот изглед со малку напор.
Џејми Оливер (43), кој ја изгради својата кариера како еден од најпознатите готвачи во светот, успеал да ослабе без напорни вежби и изгладнување и така драстично да го промени изгледот.
Тој постојано ни сервира совршени јадења и рецепти кои подразбираат висококалорични состојки. Се наметнува прашањето: Дали можеме да го јадеме она што тој го готви и да ја сочуваме линијата што ја имаме?
Според зборовите на Џејми, кој е татко на четири деца, слабеењето не мора да подразбира лишување на себеси од храна, бидејќи всушност, повеќе храна може да придонесе за губење на несакани масти.
Ослабев 12 кг за многу кратко време а тоа не се случи бидејќи гладував. Напротив, јадев многу, дури и повеќе од обично. Го намалив месото, го зголемив внесот на зеленчукот, повеќе спиев и повеќе се движев, вели Џејми.
Тој објаснува дека добрата исхрана не е комплицирана, туку е клуч за тоа да јадете храна која е богата со витамини и минерали, а особено е важна рибата и зеленчукот. Нагласува и тоа дека не постои магична состојка која за миг ќе не стопи и ќе ни даде совршена линија. Препорачува да јадеме шарена палета од здрави намирници, а да не си го трошиме времето во потрага по магични состојки за слабеење.
Можете да го изедете тој бисквит по кој копнеете. Шеќерот и медот се нешто што го сакаме, но она што мора да го знаеме за шеќерот е следното: кога одиме предалеку со него, мора да знаеме и кога треба да се сопреме.