Десерт за 5 минути…Ќе го правите овој колач секој ден – Многу вкусно! Додека се свртиш и веќе го нема, секој се враќа за по уште едно парче…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
120 г шеќер
1 прстофат сол
120 мл масло
120 мл млеко
200 г брашно
12 г прашок за пециво
30 г какао во прав
2 лажици млеко
малку кафе или лажичка инстант кафе
чоколадни трошки/капки

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол.

2.Кога смесата ќе згусне додајте масло и млеко и сето убаво изедначете го. Во течната мешавина додајте го просеаното брашно помешано со прашокот за печиво.

Добро измешајте за да добиете мазна смеса без грутчиња.

3.Поделете ја на два дела, па во едниот дел додајте какао во прав, малку млеко и една лажичка инстант кафе за вкус. Добро промешајте за да се изедначи.

4.Обложете или намастете калап 18х27 см, па сипете ја светлата смеса и израмнете. Потоа правејќи шари сипете ја и кафеавата смеса.

5.Со лажичка поминете низ смесата за да се направат уште повеќе шари и да се добие мраморен ефект.

6.Одозгора посипете со чоколадни капки.

7.Ставете да се пече во загрена рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.