ДЕСЕРТ ЗА 5 МИНУТИ…Ако имате 1 јајце, 1 портокал и малку брашно, не пропуштајте го овој лесен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце,
2 супени лажици шеќер,
2 супени лажици масло за готвење,
1 прстофат сол,
ситно рендана кора од 1 портокал,
60 мл свежо исцеден сок од портокал (може и од тетрапак),
125 г цврст јогурт или кисела павлака,
280 г брашно +
6 г прашок за печиво (1/2 кесичка).
За валање: шеќер + ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

1.Изматете го јајцето со шеќер, сол и рендана кора од портокал. Потоа додавајте ги една по една состојките: масло, сок од портокал, јогурт и на крај брашното помешано со прашок за печиво.

2.Тестото спакувајте го во готварска кеса, па истискувајте стапчиња во загреано длабоко масло и пржете ги додека да заруменат од сите страни. Ножиците со кои ќе го сечете тестото претходно потопувајте ги во маслото.

3.Пржените крофнички вадете ги со решеткава лажица и валајте ги во мешавина пд шеќер и ванила. Постапката погледнете ја ОВДЕ.