Како што започнаа претходните два дена, воедно и од Лазарева саботата, Црквата се сеќава на настаните кои се случија во последните денови од Христовиот живот на земјата и зема учество во истите со тоа што ст-рада заедно со Него.
Притоа, исто така во овој ден се сеќаваме на евангелските зборови: „По два дни беше Пасха“ (Марко 14,1). Односно, тука се зборува токму за денот среда, а во петокот навечер се започнувало со славење на Пасхата.
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претс-мрт-но помазание на Господа, За-говорот на Јудејците за да го у-бијат и Јудиното предав-ство на Христа за триесет сребреници.
Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за пог-ребение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).
На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.
Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упо-коените при по-гребувањето. Со вечерната богослужба на Велика среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење.
За помазанието на Господа од страна на жената во Витанија сретнуваме напишано кај Матеј и Марко, но притоа имаме уште две други помазувања, така што светите отци тоа го опишале дека има три помазувања. Тоа се: помазанието од страна на Марија Магдалена (Лука 7,36-50);
Потоа ова помазувања од некоја за нас непозната жена (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9) и помазанието од Марија, сестрата Лазарева, кое се случило шест дена пред Пасха (Јован 12,1-8).
Сепак во црковната химнографија се сретнува тоа дека оваа жена била греш-ница и пристапувајќи до Христа барала простување на гре-вовите. Кај Марко е забележано следново: „дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова“ (Марко 14,3),
Притоа лицемерно велејќи оти тоа можело да се искористи за помош на сиромашните, тоа било причина Јуда да негодува, односно тој сметал дека останува без тие 300 денарии, а и апостолите негодувале кон овој случај, затоа што тоа било ретка појава да се помаза некој, односно само мрт-вите и пророците, царевите и свештениците.
Христос на тоа одговорил: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело кон Мене! Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, излевајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за пог-реб. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува тоа што го направи таа, за нејзин спомен“ (Матеј 26,10-13).
Предавањето Христово од страна на Јуда било добредојдено за фарисеите и садукеите кои сакале да го предадат и у-бијат Христа, а тоа е видливо во следниве стихови: „првосвештениците, книжниците и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа, и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го у-бијат; но рекоа: ‘Само не на празникот, за да не стане бунт меѓу народот’“ (Матеј 26,3-5). Тој за-говор бил намислен и претходно, но со Јуда се забрзала постапката.
Триесетте сребреници од Јуда биле не случајни, затоа што тоа било пророштво во Стариот завет, а воедно и продавање или купување на роб било токму 30 сребреници, а таа била токму цената за Непроценливиот. Со тоа Јуда самиот од апостол станал не-пријателот Христов.
Односно среброљубието го фрлило во пеко-лот, овој син на поги-белта. Поради тој настан на помазанието, на Велика среда завршува варењето на миро (мирото е скапоцено миризливо масло кое се прави од масло и околу 33 (триесет и три) останати растенија и миризливи материјали) и свареното миро се собира во 12 алабастрени садови, што ги симболизираат 12 апостоли, а тоа се користи за Миропомазание (една од 7-те Свети тајни).
Во овие денови се пее и следниов светилен (црковна химна на Утрена Богослужба):
Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и облека немам да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.
Состав на мирото
По својот состав мирото ги содржело следниве состојки: смирна, миризлив цвет на цимет, разни миризливи стебленца, маслиново масло и од многу други нешта. Жената излила врз Христовата глава „чисто, нардово миро“.
Нард е билка која е распространета во Арапската пустина и низ Источна Индија. Позната е како камилска трева. Од коренот и од листовите на нардот се правело многу мирисно масло. И денес од нард се прават скапоцени парфеми. Во Новиот завет се спомнува во евангелијата според Марко и Јован.
Сад за миро
Чувано било во алабастерн сад. Бидејќи бил скапоцен мирис, обично, мирото се чувало во мали алабастерни садови.
На Христовото помазување што го направила жената, се противел среброљубецот Јуда. Затоа, на Велика среда се прославува жената греш-ница, а се укорува среброљубието на Јуда.
Ете, греш-ната жена, греш-ницата – ја воспева денес Црквата, за тоа што таа Му принесе миро на Господа – а Неговиот апостол Јуда – предав-ство; таа се радуваше, истурајќи го скапоценото миро, а тој отрча да Го продаде Непроценливиот; таа Го позна Христа, а тој се од-рече од Него; таа Му пријде, а тој си замина; таа се ос-лободи, а тој стана ро б на гре-вот и ѓа-волот.