Ова е најбрзиот делотворен напиток кој ја смирува кашлицата за само неколку часа. Непријатната кашлица е многу честа во овој период од годината, но овој природен напиток е одличен и на многумина досега им помогнал.

Негова главна состојка е ловорот кој на сирупот му дава посебен вкус и тон на слаткост и истовремено неосетна горчливост, додека лимонот го освежува со киселоста и витамински го надополнува, а самиот шеќер ги поврзува овие состојки и заедно со водата ги дистрибуира низ телото.

Потребни состојки:

6 листови ловоров лист
250 мл вода
6 лажици шеќер (бел или кафеав)
1 лимон

Постапка:

Во еден сад ставете ја водата на оган да зоврие. Додајте ги ловоровите листови и поклопено гответе уште 10-тина минути на ниска температура. Потоа листовите извадете ги.

Во друг сад ставете го шеќерот на оган да се растопи и да се претвори во карамел. Додадете го чајот од ловор и мешајте додека шеќерот целосно да се растопи.

Ако користите кафеав шеќер, тогаш овој чекор прескокнете го, а шеќерот директно додајте го во ловоровиот чај и мешајте додека да се растопи.

Во малку разладениот напиток, додајте сок од еден лимон и добро промешајте.

Пијте по една лажичка од овој сируп, неколкупати во текот на денот. Првиот ден можете да пиете секојпат кога ќе се јават интензивни напади на кашлица.

Напомена: овој сируп можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Може да се користи топол или ладен. Доколку имате и други симптоми, после сирупот добро би било да земете парче лимон, да го излупите и изедете. Пред примена советувајте се со вашиот лекар.