ДЕДО МРАЗ ОД ДОМАТИ: Слатко и евтино мезе кое може да биде и ПОСНО. Разубавете ја новогодишната трпеза и направете посно мезе од домати во форма на Дедо Мраз. Тоа е едноставно и евтино.
Новата година е можност домаќинките да покажат колку се креативни и максимално да ја разубават празничната трпеза. Покрај декорациите, храната е најважна, а на мезето секогаш се посветува најмногу внимание.
Затоа ви предлагаме да направите посно мезе од домати во форма на Дедо Мраз и на тој начин да ја разубавите вашата празнична трпеза. Евтино е е и лесно за подготовка, а најмногу ќе уживаат најмладите.
Исто така, ова мезе можете да го подготвите и со вашите деца, бидејќи не бара претерани кулинарски вештини, а е забавно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 домати
150 г растителен кашкавал
2 чешниња лук
2 лажици посен мајонез
ПОСТАПКА:
Исечете го врвот на доматот, а потоа издлабете ја средината. Горниот дел оставете го настрана, бидејќи ќе ви послужи како капа на Дедо Мраз. Исечете помал триаголник на едната страна од доматот (блиску до врвот).
Кашкавалот изрендајте го, па измешајте го со мелено лукче и мајонез. Сè убаво соединете и зачинете по вкус со суви или свежи билки, па наполнете ги доматите. Нацртајте ги брадата и очитете со мајонез и зрна црн пипер и ставете го врвот на доматот како капа.
Посното мезе во форма на Дедо Мраз е готово. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.