Фото и рецепт: Амина Хусиќ
Овој прекрасен рецепт за декоративните кремасти колачи ни го испрати нашата драга Амина Хусиќ за која таа има подготвено и интересно видео на кое е прикажана постапката. Видеото можете да го погледнете подолу, под пишаниот рецепт.
Потребни состојки:
250 г мелени бисквити
130 г растопен путер
За крем:
200 г маскарпоне (свежо, кремасто, кравјо сирење)
100 г шеќер во прав
250 мл слатка павлака
За украсување:
200 мл слатка павлака
јагоди
шеќер во прав
Постапка:
Во еден сад ставете го мелениот бисквит и полијте го со растопениот путер. По потреба, доколку оцените дека бисквитите се многу суви, може да додадете малку млеко по потреба.
Убаво промешајте, треба да добиете смеса која е ронлива како песок. Смесата распоредете ја во калап за торти и убаво притиснете ја со дното на подебела чаша.
Во посебен сад ставете 200 г маскарпоне или друго кремасто сирење и изматете го со миксер. Потоа додадете шеќер во прав и повторно измиксајте.
Посебно изматете 250 мл слатка павлака во шлаг, па соединете ги заедно со маскарпонето. Убаво промешајте со лажица за да се соединат.
Кремот нанесете го врз подлогата од бисквити и израмнете. Оставете во фрижидер да се лади еден час. Потоа со широка чаша за коњак вадете тркалезни колачиња и ставајте ги на страна.
Изматете 200 мл слатка павлака во шлаг и со него наполнете шприц. Декорирајте ги колачите со шприц, па врз шлагот ставете по една јагода. Одозгора можете да ставите уште малку шлаг врз јагодата и да наросите шеќер во прав.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: