Машините за перење имаат различни функции, но многумина од нас дури и не ги користат повеќето од нив. И не само тоа, туку многумина не ни знаат за што служат различните копчиња со различни ознаки.
Копчето со ознака „пеперутка“ на машината ја збунило една корисничка на Твитер, па таа замолила во коментар да и објаснат за што служи и која е функцијата на ова копче.
„Луѓе, што значи пеперутката на машината за перење? Молам за ретвит“, напиша таа и доби многу коментари, пишува City magazine.
Меѓу многуте шеговити одговори кои оваа ознака на машината ја објаснуваа како „пеперутки во стомакот“, имаше и такви кои навистина ја знаат нејзината намена, а тоа е програма за перење нежни/чувствителни алишта (свила, сатен, завеси…)
Програмата „пеперутка“ не е за многу валкани работи бидејќи трае многу кратко (што зависи од производителот). Служи само за омекнување со млака вода и има минимално центрифугирање.
Дали знаевте што значи пеперутката на машината за перење?