„Не пропуштајте секоја седмица во текот на сезоната да ја јадете вашата омилена намирница – киселата зелка, која не е само богат извор на витамин Ц, туку и многу значаен пробиотик. Не купувајте пробиотици кога не морате, доволно е трипати седмично да јадете салата од кисела зелка“, советува д-р Перишиќ.




Единствената намирница која можеби е подобра кога е приготвена како зимница, отколку кога е свежа (секако дека и во свежа состојба е исклучително лековита), е киселата зелка.




Киселата зелка обично се смета за многу значајна намирница кога станува збор за здравата исхрана, поради присуството на витамин Ц, но исто така содржи и витамин Б како и моќни антиоксиданти.




Кога ќе се закисели, зелката станува освен што ги сочувува сите вите витамини и минерали како кога е во пресна состојба, таа исто така станува и богат извор на пробиотици.




„Киселата зелка содржи пробиотски бактерии на листовите, lactobacilus plantarium, билно деривирани. Тоа е бактерија која се наоѓа во речиси сите познати фирми пробиотици кои може да се најдат на пазарот.

 




Не мора да ги купувате, само јадете кисела зелка. Доволно е да го конcyмирате тропати седмично. Покрај тоа, содржи и важни влакна за забрзување на столицата, на тој начин се забрзува транзитот на штетните материи и нема долг контакт со цревата, ниту можност за негативно дејство врз здравјето“, објасни д-р Војо.




„Исто така, добро е да се пие и расолница, а единствено што треба да се внимава во текот на зимскиот период е навремено да се „пресече“ вриењето. Овој исклучително здрав зеленчук можете да го приготвите на два ничини, и тоа рендан во тегли или цели главици во буре. „Сепак, потребно е да се разгледаат позитивните и негативните ефекти на киселата зелка“, вели Георгиј кој потекнува од Русија.




За киселење на зелката се користи голема количина сол, што не е здраво, особено што по оброкот се пие голема количина вода. Кога ќе се внесе голема количина сол во организмот, човекот може да добие висок притисок, особено ако има предиспозиции за тоа.




Солта во организмот станува то-вар за бубрезите, а се таложи во зглобовите и кр-вните садови. Поради солта вишокот течност се задржува во телото и тешко се исфрла, а соодносот на калиум и натриум е нару-шен, па влијае на грчењето на мускулите, особено околу вратот и ‘рбетот.




Поради тоа, често може да се јави треперење на рацете и нозете како резултат на нерамнотежа на калиум и натриум, поради внесената голема количина на сол. Сè повеќе истражувања укажуваат на поврзаноста помеѓу употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови р ак.




Солта не се отстранува целосно од киселата зелка дури и со миење на листовите пред употреба. Значи, со кисела зелка, која несомнено е корисна, сепак треба да бидете внимателни. Кога станува збор за киселата зелка, и нутриционистката Ана Павличевиќ го советува следново:

„Некои луѓе треба да избегнуваат да јадат кисела зелка.“ Докторката објасни дека киселата зелка е богат извор на киселини кои cтимyлативно влијаат на варењето на храната. Кога киселоста во организмот е ниска, а перисталтиката успорена, вклучувањето на кисела зелка во исхраната е корисно.

Меѓутоа, ако некое лице е склоно кон зголемување на киселоста во желудникот, киселата зелка едноставно не треба да ја конcyмира. Нутриционистката Павличевиќ наведе при кои состојби не треба да се конcyмира киселата зелка, а тоа се: вишок киселини, чир на желудник, склоност кон развој на бактерии во цревата и интолеранција на хистамин.