Д-р Перишиќ откри за што е добра сода бикарбона, но исто така разби една многу важна предрасуда за оваа супстанција.
Познатиот гастроентеролог проф. Д-р Воислав Перишиќ зборуваше за сите придобивки од сода бикарбоната, негирајќи многу утврдени мислења за супстанцијата која е незаменлива во речиси секој дом.
Се користи за медицински цели, но одлична е и како средство за чистење.
„Сода бикарбоната е натриум бикарбонат и е нормален составен дел од нашето тело. Важно е да се измери нивото на бикарбонат во телото. Имате примери кога пациент е донесен во многу тешка состојба.
Првото нешто што се прави е да се провери дали има ацидоза, а тоа значи мерење на нивото на бикарбонати“, вели докторот и објасни дека телото мора да одржува оптимална рН вредност.
Познатиот гастроентеролог исто така говореше за една дилема која ја имаат луѓето – има ли разлика меѓу обичната и сода бикарбона која се користи за медицински цели, а која е многу поскапа?
„Нема разлика. Разликите се всушност толку мали, што се практично маргинални. Разликата е во малата количина на натриум бикарбонат во медицинската сода“, објасни тој и советуваше дека луѓето нема потреба да си ги фрлаат парите за поскапата сода бикарбона.
Д-р Перишиќ истакнува дека сода бикарбона е одличен сојузник во борбата против габичните инфекции кои се појавуваат на јазикот и усната шуплина.
„Стар рецепт – 100 мл вода и 1,5 лажички сода бикарбона. Се раствора, па земате газа и го обмотувате прстот, го натопувате во растворот и потоа ја чистите усната шуплина.
Габите не поднесуваат сода бикарбона, не поднесуваат алкален медиум Потребно е 6-7 пати да се повтори ова, особено после оброк, убаво да ја исчистите усната шуплина со сода за да се отстранат наслагите од кандида“, објасни д-р Воја.
Покрај тоа, објасни дека ги олеснува стомачните проблеми, па дури и самиот професор Перишиќ призна дека го зема кога има ждригавица, односно „киселини“ во желудникот.
Сепак, постои ограничување. Овој „лек“, сода растворена во вода, делува половина час, но проблемите поради кои се зема се враќаат по изминатото време…
Што значи, дека примарниот проблем доколку постои мора соодветно да се лекува, а пиењето раствор со сода бикарбона помага само за моментно и привремено ублажување на тегобите…
Од друга страна, тој смета дека е многу ефикасно за лекување кандида, особено ако се работи за вагинална инфекција.
„Растопете 7 г сода во 100 мл вода и правете испирање (иригација) со тој раствор. Габата не поднесува алкална средина. Нашиот дигестивен систем има алкална pH вредност, а содата го одржува тоа.
Ако јадеме многу шеќер, тогаш доаѓа до нарушување на балансот. Сепак, во овој случај најдобро би помогнала соодветна диета, односно начин на исхрана со која габата ќе се изгладне и повлече,“, забележува професорот.
Прочитајте: „Најмоќните трикови со сода бикарбона за кои можеби никогаш не сте слушнале“ – ОВДЕ.
Многу луѓе користат раствор од сода за плакнење на грлото и усните, особено за болки во грлото. Дали овој народен „лек“ е воопшто ефикасен?
„Усната шуплина е полна со бактерии, тие создаваат ферментација, се создава ниска рН а тоа е одлично за развој на кандида. Ако се исплакнеме со сода бикарбона, ја креваме рН над 7,45 и таа исчезнува. Се согласувам дека помага“, објасни гастроентерологот. .
И на крајот, тој подвлече дека е пожелно да се мијат овошјето и зеленчукот во раствор со сода бикарбона.
– Апсолутно да! Пестицидите се маслени материи. Ако користиме ваков раствор, ние не ги отстрануваме само нечистотиите, туку и хемијата и маснотиите, така што, да, апсолутно да!“ заклучи проф. д-р Перишиќ.