Д-р Нико Беќаровски, во изминатите месеци на својот профил на социјалните мрежи дава низа корисни информации за граѓаните. Тој пред неколку месеци укажа како може да се избегне коагулација (згрутчување) на кр-вта, со додавање на некои намирници во исхраната, но исто така, напомена и што треба да се избегнува:

„ЈАС ДА СИ КАЖАМ. Последниве денови кутија со Amp.Clexane или Tabl. Xarelto станаа вистинско богатство и реткост. Стравот од згрутчувањето на кр-вта, како најопас-на компликација од вирусов ги испразнија рафтовите во аптеките, но и болниците.

Да биде проблемот уште поголем слична е ситуацијата и во сите соседни држави. Затоа, ако нема со што да се лечи, мора на некој начин оваа појава да се спречи.

Еве неколку природни прехрамбени производи кои имаат антикоагулантни својства и чиј зголемен внес во Вашата секојдневна исхрана, може да даде позитивен антикоагулантен ефект:

Куркума, Ѓумбир, Цимет, Витамин Е, 150 мл црвено вино, Лук, Гинко билоба. Внес на 2 литри вода, правилно распределена во текот на денот. Цитрусни овошја, Непечени семки од сончоглед, Туна.

Истовренено максимално узбегнувајте ги следниве прехрамбени производи, кои имаат прокоагулантно дејство:

Јајца, мајонез, пржено јагнешко и свинско месо, сувомеснати производи.

Сите мажи над 40 и жени над 45-50 години, ако немаат контраиндикации, или некое хематолошко заболување, би било препорачливо покрај правилната исхрана до крајот на пандемијата секојдневно да конзумираат 67,5-100 mg. ацетилсалицилна киселина“, советува докторот.

ПРОЧИТАЈТЕ: 6 симптоми дека имате згуснување и тромб во крвта: работи кои можат живот да спасат

Вискозитет на кр-вта е односот помеѓу бројот на кр-вните клетки и волуменот на течниот дел (плазмата). Кр-вта се состои од плазма и клетки. Ако бројот на формираните елементи (клетки) стануваат поголем од плазмата, вискозноста на кр-вта се зголемува и обратно.

Ова влијае врз кр-вниот притисок и отежнување на циркулацијата. Ова пак, доведува до нарушување на процесот на оксидација во ткивата и органите на целиот организам, вклучително и на црниот дроб, мозокот и бубрезите.

Притоа се јавуваат следниве симптоми: општа слабоста; главоболки; тежина во нозете; замор; депресивна состојба; зголемен притисок; поспаност; сува уста; студени раце и стапала; видливи испакнатини на вените од нозете; раздразливост.

Навиките и начинот на исхрана се фактори кои покрај останатите фактори на ризик, доведуваат до појава на тромбозата и артериосклерозата. Појавата на згрутчувањето на кр-вта во кр-вните садови е во директна врска со промените на ѕидовите на кр-вните садови (таложење на холестеролот), начинот на исхрана, навиките, и присуството на факторите на ризик.

Позната е констатацијата на др. Дејвид Кричевски, од Институтот во Филаделфија дека: “Холестеролот не у-бива, туку тромбот кој се формира врз наслагите од холестеролот во кр-вните садови”.

Покрај горенаведените фактори во процесот на формирањето на тромбот, учествуваат и тромбоцитите со нивната особина на агрегација, присуството на фибриногенот во кр-вта (зголемувањето на концентрацијата на фибриногенот) и присуството на фибринолитички ензими (спречување на формирањето на тромбот).

Многу е лошо за здравјето кога тромбови се создаваат во кр-вните садови, бидејќи тогаш на организмот му е загрозен животот. Може да дојде до срцев застој, мозочен у дар, емболија и други опасни медицински состојби.

Кр-вта во нормални околности се движи низ нашето тело и ги снабдува клетките со потребните хранливи материи, а важно е овој процес да помине без никакви пречки.

Во голем број случаи, симптомите за тромбови ги доживуваме како мали здравствени тегоби кои брзо поминуваат, но тогаш настанува вистински пекол кога проблемот ќе се влоши. Поради тоа, обратете внимание на следните симптоми доколку ги забележите и задолжително одете на лекар.

ОТОК ВО ЕДНА ОД НОЗЕТЕ

Еден тип кр-вни згрутчувања се нарекува длабока венска тромбоза. Во овој случај постои недостиг на кислород во виталните органи во телото, што доведува до намалена циркулација. Тоа резултира со оток на ногата во која се наоѓа овој проблем, а како симптом се јавува болка во истата нога. Ова не смеете да го игнорирате.

ВИДЛИВО ЦРВЕНИЛО ДОЛЖ ВЕНИТЕ

Ако забележите црвени траги долж вените, постои опас-ност за вашиот живот, бидејќи црвенилото е знак дека имате кр-вно згрутчување. Се јавуваат и печати поради што, вашата кожа е вжарена. Веднаш јавете се на лекар.

БОЛКА ВО ГРАДИТЕ И ОТЕЖНАТО ДИШЕЊЕ

Овие симптоми никако немојте да ги игнорирате, бидејќи ако се појават истовремено постои можност тромбот да стигнал до белите дробови. Оваа состојба може да биде фа-тална, па затоа не смеете да ја игнорирате, бидејќи итно ви е потребна лекарска помош.

КАШЛИЦА БЕЗ НАСТИНКА

Во овој случај, лицето е погодено со кашлица, но без симптоми на настинка и трае долго, со денови. Значи нема болно грло, нема температура, нема течење од нос и други вообичаени симптоми за настинка, туку постои само кашлица. Ова може да биде знак дека тромбот е во стомакот, кој мора поскоро да се реши зошто може да биде фа-тален.

СИЛНИ ХРОНИЧНИ ГЛАВОБОЛКИ

Ако се јавуваат силни главоболки кои се проследени со заматен вид и отежнат говор, постои голема веројатност дека имате кр-вно згрутчување. Ова може да укажува на невролошки проблем и не смее да се игнорира и да помине без преглед и контрола кај невролог. Тој ќе одлучи за терапијата и ќе предложи опера-ција доколку е потребно.

ОТЕЖНАТО И ПЛИТКО ДИШЕЊЕ

Ова е сериозен проблем и немојте да го игнорирате, бидејќи вртоглавиците, забрзаниот пулс и треперењето во градите може да укажува дека згрутчувањето е во белите дробови. Јавете се веднаш на лекар и објаснете му ги симптомите.

Речиси сите нутриционисти, препорачуваат употреба на храна богата со: лук, кромид, лути пиперки, печурки, ѓумбир, зеленчук, маслиново масло, риба и морски плодови, чај (зелен), црно вино. Со цел да се контролира тромбозата, треба да се избегнува масна храна и употреба на големи количини на ал-кохол, бидејќи масната храна ги прави тромбоцитите лепливи и склони кон згрутчување на кр-вта.

Кромид и лук

За кромидот и лукот, и нивното лековито својство, знаеле уште старите Египќани, а првите американски лекари, кромидот и лукот ги препорачувале за прочистување на кр-вта. Руските лекари вотката во комбинација со лукот и кромидот, ја користеле за подобрување на циркулацијата на кр-вта.

Со откривањето на аспиринот и неговото антикоагулантно дејство, современата медицина го користи како средство против тромбозата, а овие два прехрамбени продукти ги препорачува како дополнителна терапија.

Антитромбичката активност на кромидот и лукот испитувана е со повеќе студии ширум светот и кај повеќето е докажано дека кромидот и лукот со своите состојки имаат позитивно дејство во спречувањето на тромбозата.

Англиските лекари препорачуваат секојдневна употреба на две до три чешниња лук во свежа состојба или во секое јадење, бидејќи топлината не го уништува, туку го стимулира излачувањето на корисните состојки на лукот.

Доктор Џиоин, професор и доктор на науки на Универзитетот во Далавер, потврдува дека антикоагулантните дејства на лукот се должат на присуството на алицинот и ајоенот.

Поради истите или слични дејства, во исхраната се препорачува и кромидот (содржи лековитата супстанца кверцетин-биофлавин), кој претставува одличен антиоксиданс со широк спектар на делување.

Студија работена во Финска во која испитаниците користеле храна богата со кромид, докажала дека заболувањата од артериосклероза на кр-вните садови на срцето и мозокот, биле за 15 % помалку во однос на останатите.

Кварцетинот покрај тоа што се наоѓа во кромидот, го има и во црното вино, брокулата, зелениот чај. Нутриционистите препорачуваат при консумирање на масна храна задолжително да се конзумира кромид и црно вино.

Риба и нејзини продукти

Нутриционистите велат дека нема подобра храна од рибата, која поволно делува во спречувањето на формирањето на тромбот, поради присуството на Омега-3 масните киселини. Редовната употреба на рибата во исхраната (1 до 2 пати неделно), го намалува ризикот од мозочен у дар и срцеви заболувања, во однос на оние кои помалку или воопшто не ја користат во исхраната.

Јадењето на масните риби како што се лососот, скуша, харинга, туна, (Омага- 3), поволно делуваат врз кр-вните садови, го намалуваат таложењето на тромбоцитите, го намалуваат нивото на фибриногенот, и ја поттикнуваат работата на фибринолитичките ензими.

Препорака е во текот на неделата, во исхраната да се зема најмалку 100 г масна риба, или 150 до 170 г конзервирана туна, поради познатите дејства на Омега-3 масните киселини кои ги има повеќе во масната риба.

Чудесното дејство на црното вино

Француските научници Мартин Сењер и Жак Боне, доктори на медицина од кардиолошкиот центар од градот Песаку, направиле студија испитувајќи го антитромбичното дејство на црното вино врз испитаниците.

Резултатите од ова испитување, го потврдиле антитромбичното дејство на црното вино (намалиле формирање на тромб), и го зголемиле нивото на HDL холестеролот, кај 60 % од испитаниците.

Ваквото дејство на црното вино се потврдува поради присуството на полифеноли или флавоноиди, материи кои се наоѓаат во лушпите на грозјето, а со ферментацијата преминуваат во виното, и претставуваат добри оксиданти.

Нутриционистите препорачуваат секојдневно по една чаша вино на жените а две чаши црно вино на мажите со оброкот, и го препорачуваат виното како превенција во кардиоваскуларните заболувања и ракот на дојката.

Чајот и неговото дејство врз кр-вните садови

На Интернационалниот Конгрес на нутриционистите, одржан 1991 година во Њујорк, за прв пат се презентирани резултатите од благотворното дејство на црниот и зелениот чај врз човечкиот организам.

Ова благородно дејство се должи на присуството на танинот наречен катехин (во зелен и црн чај), и неговото својство да ја смалува агрегацијата на тромбоцитите во кр-вните садови, а со тоа прдоинесува за формирање на тромбот. Некои научници ваквото дејство на чајот го споредуваат со дејството на аспиринот, кој го инхибира процесот на создавање на тромбот. Чајот го поттикнува растворањето на формираниот тромб и го смалува таложењето на холестеролот на кр-вните садови.

Зеленчукот во функција во растварање на тромбот

За да се ослободите од формирањето на тромбот и да се ослободите од неговите несакани дејства во организмот, се препорачува во исхраната секојдневна употреба на овошје и зеленчук богата со витамин Ц (грејпфрут и јаболка).

Докажано е дека вегетаријанците имаат помала вискозност на кр-вта во однос на луѓето кои употребуваат месо, а со тоа бројот на заболени од зголемен кр-вен притисок е помал.

Позитивното дејство на зеленчукот се потврдува со тоа што витаминот Ц и влакната (пектини), имаат својство да го раствараат тромбот и го спречуваат таложењето на холестеролот на ѕидовите на кр-вните садови.

Позитивниот ефект на лутите пиперки

Познато е дека, во својата исхрана Тајландците користат пикантни јадења, при што како зачини користат поголеми количини на лути пиперки. Научниците пак кои се занимавале со оваа проблематика потврдиле дека ваквиот начин на исхрана е една од причините што кај Тајландците бројот на заболени од тромбоемболија е многу низок или е ретка појава.

Хематолозите од Медицинскиот Институт од Банког вршеле испитувања на оваа тема и докажале дека кај студентите кои во храната консумирале лути пиперки, е забележано побрзо растворање на тромбот за околу 30 минути, во однос на оние студенти кои во храната не користеле лути пиперки. Лутите пиперки поволно делуваат врз механизмот во растворањето на тромбот.

Сличен ефект врз растворањето на тромбот имаат ѓумбирот, каранфилчето и куминот. Ваквото дејство на овие додатоци во исхраната, се должи на присуството на материјата еугенол, која ја смалува агрегацијата на тромбоцитите, односно има слично дејство како што имаат аспиринот, кромидот и лукот.

Некои од печурките (црни) кои се користат во исхраната, во својот состав содржат материјата аденозин, која има антикоагулантен ефект и својство да го раствора тромбот.

Маслиново масло

Покрај познатото својство на маслиновото масло да го смалува ефектот на тромбоцитите т.е. нивното таложење во кр-вните садови потврдено е дека кај луѓето кои во исхраната редовно користат маслиново масло, ослободувањето на материјата тромбоксан А-2 (одговорна за агрегација на тромбоцитите) од тромбоцитите е намалена, а со тоа намалено е формирањето на тромбот.

Потврда на оваа теза е познатата вистина, дека луѓето кои живеат на Медитеранот и кои во исхраната користат секојдневно маслиново масло, имаат помала инциденца од срцеви заболувања, во однос на другите.

Употребата на масни јадења доведува до зголемување на холестеролот во кр-вта, а со тоа и зголемувањето на ризикот од појава на тромбоза за 10 до 15 % во однос на оние кои не користат масни јадења. Диетите кои се препорачуваат во оваа насока, се базираат на користење на повеќе овошје и зеленчук и зголемена физичка активност.

Диеталната исхрана е најдобра препорака, како да се победи формирањето на тромбот, а со тоа да се спречи заболувањето на кр-вните садови на срцето и мозокот. Диеталната исхрана во однос на заболувањата е поважна од редовното контролирање на холестеролот во кр-вта.

Практични совети во оваа насока се:

Во исхраната да се користи што повеќе масна риба, кромид, лук, црно вино, ѓумбир, зеленчук и овошје богато со витамин Ц и пектини (јаболко и грејпфрут)

Да се намали или ограничи внесувањето на масти од животинско потекло (што помалку заситени масни киселини)

Кога се користат прехрамбени продукти кои се фактор на ризик за тромбоза, треба со нив да се користат и прехрамбени продукти кои го елиминираат овој фактор, како на пример јајца со кромид или лук, јајца со лосос, сирење со црно вино, лута пиперка

При употреба на антикоагулантни лекови да се избегнуваат или да се намали употребата на горенаведените артикли (оние кои ја разредуваат кр-вта).