Црешнички…Сладок спомен од нашето детство…Новогодишни брзи ситни колачи, можат да бидат и посни…

Еве што ви е потребно за да ги направите овие вкусни и декоративни цреши според рецептот на Тања Радкова Штасткова:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

260 г мелени чајни бисквити
120 г растопен путер или маргарин
60-70 мл ликер од вишни
прехрамбена црвена боја
50 г шеќер во прав
60 г мелени бадеми

ПОСТАПКА:

Сите состојки замесете ги со рака додека да добиете фина, компактна смеса која лесно се обликува. Правете топчиња, валајте ги во шеќер и боцкајте ги со гранчиња од бор.

Оставете ги во фрижидер да се стегнат. Рецепт и фото на Тања Радкова Штасткова.