ЦАРСКИ ШТАНГЛИ….КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Најубавиот зимски колач за секакви свечени пригоди и за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 г путер
125 гр шеќер
125 г мелени ореви
75 г брашно
3 белки
1 лажичка прашок за печиво
За жолт крем:
3 жолчки
100 г шеќер во прав
За крем од ореви
125 г мелени ореви
50 мл топло млеко
125 г шеќер во прав
100 г путер
80 г чоколадо
ПОСТАПКА:
Најпрво подгответе тава за печење со димензии 18 x 28 см и обложете ја со мрсна хартија. Омекнатиот путер пенасто изматете го со шеќерот, па додајте ги оревите и брашното измешано со прашокот за печиво и соединете ги.
Белките посебно изматете ги во цврст снег и додајте ги на крајот во смесата мешајќи рачно, за да остане смесата пенлива. Распоредете ја смесата во плех и печете во загреана рерна на 180 С околу 20 минути.
За тоа време изматете ги жолчките со шеќерот додека да згуснат, сипете ги врз бисквитот и вратете во рерна заедно да се допечат на 150 степени околу 20 минути.
ОРЕВ ШТАНГЛИЧКИ: Уште се нарекуваат „колачиња-царски месец“ – колач полн со ореви и предобар вкус
Оставете го бисквитот целосно да се излади во тавата, па направете го кремот од ореви.
Изматете го путерот со шеќерот во прав, па додајте ги оревите кои претходно сте ги прелиле со врелото млеко и растопената чоколада. Соединете ја смесата и оставете ја да се олади, па премачкајте ја преку бисквитот и посипете ја со ореви.
Ставете го во фрижидер два часа да се стегне и потоа можете да ги исечете штанглите. Постапката погледнете ја ОВДЕ: