Чувар куќата, заштитник на домот, позната е по своите бројни лековити својства, но исто така, може да направи многу за убавината и здравјето на вашето лице и кожа.
Оние кои добро ги познаваат лековитите својства на оваа билка, велат дека станува збор за вистинско „домашно алое“. И навистина – и двете растенија се одлични во сани.рањето на после.диците од ири.тираната кожа, како и нејзината хидратација, со тоа што чувар куќата има посилни инфламаторни дејства.
Дејство на чувар куќата врз кожата на лицето
Чувар куќата е богата со лековити масла, смола, полисахариди, калциум, танин, мравја и јаболкова киселина. Танинот е силен бо.рец против слободните радикали, ги смирува воспалителните процеси, ја штити кожата од штетно УВ зрачење, долго ја одржува виталноста на кожата и го забавува стареењето. Киселините од чувар куќата припаѓаат на АХА киселините, кои се одличен избор за поддршка на хемиските пилинзи.
Оваа билка ќе ја смири кожата која е иритирана од акните и белезите што остануваат од нив, но исто така ќе има смирувачки ефект врз кожата која е премногу изложена на сонце, односно ќе ја хидрира на вистински начин. Кожата од неа ќе стане помека и поеластична.
Испробајте некои од рецептите што оваа билка ја сврстија во еден од најмоќните природни лекови до кои лесно се доаѓа, а имаат одличен и докажан ефект.
КРЕМ ОД ЧУВАР КУЌА ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ДАМКИ И БЕЛЕЗИ ОД АКНИ
Оваа смеса, ако имате доволно трпеливост да ја направите, ќе и обезбеди на вашата кожа одлична нега како и најскапиот хидратантен крем.
Потребни состојки: полн грст дебели листови чувар куќа и околу 100 г свинска маст.
Постапка: проверете дали маста е чиста и отстранете било каква нечистотија. Најдобро е маста да ја исперете со ладна вода. Ставете ја маста во еден сад, па додајте ладна вода и мешајте ја маста со лажица неколку минути. Истурете ја таа вода, па налејте нова ладна вода. постапката повторете ја девет пати. На крај треба да добиете кремста нежна, бела маст.
Листовите од чувар куќата ситно исечкајте ги и измешајте ги со прочистената маст. Загрејте ја смесата на рингла додека да се стопи маста. Штом маста ќе се стопи, се трга од огнот и се остава 12 часа да отстои. Потоа, уште еднаш се загрева на тивок оган и убаво се размешува пред да се процеди. Се складира во соодветни садови и се чува во фрижидер.
Маста од чувар куќа е лековита за: измазнување на брчки, ра.ни од у.дар и пригме.чување, заг.ноени р.ани кои тешко зарас.нуваат, о.тоци, против сончеви дамки на кожата, уб.оди од инсекти и фистули.
ЗА АКНИ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ СО КОЖАТА
30 грама сув лист од чувар куќа се прелива со литар вода и се остава да преноќи. Следниот ден се става на оган, па од моментот кога ќе зоврие се остава да се вари 15 минути. Потоа се трга на страна.
Се остава поклопено да излади околу 20 минути па да се процедува. Со оваа течност лицето треба да се мие петпати дневно, а постапката се повторува до постигнување на посакуваните резултати.
Сок од чувар куќа за чистење на лицето
Од тераса или од градина каде што ја одгледувате чувар куќата, одберете ги најздравите и најдебелите листови, со средна големина. Исечкајте ги колку што е можно поситно, а потоа исцедете го сокот со толчник или соковник. Нанесете го сокот со туфер на кожата од лицето и вратот и оставете да делува еден час. Исплакнете со нежно масирање на кожата, со млака вода.
Оваа маска дава најдобри резултати во чистење на масно лице, што е предиспонирано за појава на мозолчиња и цр.нки.
Промешајте го квасецот во малку млака вода за да добиете кремаста смаса со средна густина, а потоа додајте една лажица исцеден сок од чувар куќа. Принципот е ист како и со сокот, нанесете го на лицето, почекајте да се апсорбира и да делува најмалку половина час, а потоа исплакнете со млака вода.