Рецептот ни го испрати нашата читателка Блага. Поради хронични болки во коленото таа побарала помош во природната медицина и пронашла еден рецепт кој го испробала и кој се покажал како ефикасен. Затоа го споделува со читателите на НМД.
Оригиналниот рецепт се состои од 4 состојки, но Блага го унапредила и направила свој уникатен рецепт. “Имам потешкотии кога сакам да го свиткам и исправам коленото, а некогаш ме боли и при мирување, а при движење имам крепитации “ми потпукнува”.
Ако имате повеќе од 40 години сигурно веќе ги чувствувате првите промени во телото. Се јавуваат болки во зглобовите, првенствено во колената, рамената и лактите. Кај помладите, болка во зглобовите може да се појави поради артритис, реума, траума, фрактура или преоптеретување.
Постојат бројни таблети и масти кои ветуваат елиминирање на болката, но набрзо по престанокот на дејството болката повторно се враќа. За среќа, народната медицина нуди еден природен, едноставен рецепт кој помага во отстранување на болката со само една употреба. Сите состојки веќе ги имате во кујната:
Потребни состојки: 1 лажица сенф, 1 лажица мед, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица ситно смелена хималајска сол и уште може да додадете (состојките на Блага): 1 лажица куркума, 1 лажиче јод
Постапка: Измешајте ги сите состојки додбро додека да добиете хомогена смеса. Ставете ја приготвената мешавина во соодветен сад (кутија за крем или некоја друга амбалажа). Примена:
Облогата од приготвениот мевлем е најдобро да се применува навечер, пред спиење, за да можат состојките подолго време да делуваат. Маста добро втријте ја на заболениот зглоб, потоа преку него ставете проѕирна фолија, па завиткајте со топол волнен шал.
Нека отстои околу 2 часа или преку цела ноќ. Наутро измијте го местото со млака вода. Постапката повторете ја 4-5 дена, но веќе после првата употреба ќе почувствувате значително подобрување. Приготвената смеса чувајте ја во фрижидер.
СЕНФОТ И НЕГОВИТЕ ПРЕДНОСТИ – Сенфот е направен од синап кој нуди бројни здравствени бенефити. Во случај на изгореници само нанесете дебел слој сенф и болката ќе исчезне.
Покрај тоа, ако сте настинале или чувствувате гребење во грлото, проголтајте една лажичка сенф, полека растопувајќи ја во устата. Доколку имате главоболка, нанесете малку сенф на челото и слепоочниците.