Овој рецепт е испробан и одлично делува. Ги враќа во живот и најбезнадежните собни цвеќиња!

Лушпата од јајце, наједноставното и најдостапно средство за подобрување на условите и неутрализирање на вишокот киселост на земјиштето, е многу корисна за исхрана на градинарските и собните билки.

Во лушпата од јајце се наоѓа многу калциум, магнезиум и фосфор, кои едноставно, се неопходни за нормален раст на билките.

Овој рецепт е испробан и одлично делува. Го враќа во живот и најбезнадежното собно цвеќе.

Потребни состојки:

1 литар вода
2-3 јајца – само лушпите

Постапка:

Растворот се приготвува само од вода и лушпи од јајце. Лушпата може да ја користите цела или издробена.

На еден литра вода се ставаат лушпи од 2-3 јајца. Доколку сакате, може да приготвите и поголема количина одеднаш од 3-5 литри на пример.

Лушпите се преливаат со водата и се оставаат 3-4 денови на собна температура. Повремено треба да се промешаат.

Мора веднаш да ви кажеме дека мирисот не е пријатен, меѓутоа, растворот е нешто исклучително корисно за вашите билки. Садот можете да го поклопите.

Потоа, со овој раствор можете да ги полевате билките, вообичено како што тоа го правите со обична вода. Вашите билки ќе ви бидат благодарни. Пробајте, ќе бидете пријатно изненадени.