„Би рекола дека сè е можно во животот, ако навистина нештото го сакате и се трудите да го остварите…“
Матеа Брандалик е 22-годишна девојка од Тузла која живее и студира во Виена, а посебна е по тоа што зборува дури 18 светски јазици и не застанува на оваа бројка!
Посетува дури три факултети: Факултет за политички науки, славистика каде студира руски, чешки и словенечки јазик и ориенталистика каде студира турски, арапски и персиски јазици.
– Не сум ни сигурна кога точно почнав да учам јазици. Како дете, гледав многу телевизија и апсорбирав толку многу работи, толку многу зборови.
Би рекла дека можеби тоа беше кога имав три или четири години, иако ни самата не бев свесна за тоа и не можам да го одредам точниот момент. Бев навистина многу млада – вели Матеа, која во раното детство истовремено учела англиски и шпански.
– Англискиот и шпанскиот се првите јазици кои свесно ги усвоив и ги научив во исто време. Шпански го научив преку телевизија, а покрај телевизија учев и англиски на курс во училиште за странски јазици.
Имав само 6 години, но пред тоа веќе течно зборував англиски. Секогаш ми беше досадно во училиштата за странски јазици.
Ќе издржев по правило два-три месеци, а потоа ќе ги молев моите родители да ја остават наставничката да ми држи приватни часови – се присетува оваа талентирана девојка која кога била малку постара, нејзините родители купувале книги, а таа научила нови вештини самата.
– Најтешкиот јазик што некогаш сум го научила е ирскиот. Сега го учам и ми е деветнаесетти јазик. Тоа е првиот келтски јазик на кој наидов. Многу луѓе мислат дека е сличен на англискиот, но нема никаква врска еден со друг.
Го учам неколку месеци, а најдов само два англиски збора. Едниот е „те“, тоа е чајот. Го поврзав затоа што го видов глаголот „пијам“ во реченицата. Друг збор е „carr“, тоа е автомобил.
Тие два јазика немаат врска еден со друг – вели оваа млада Тузланка на која турскиот и е втор најтежок јазик.
– Босанскиот, хрватскиот и српскиот ги вбројувам како еден јазик. На германски го нарекуваат „bks“ – b како босански, k како хрватски и s како српски. Кога ќе ме прашаат кој е мојот мајчин јазик, често знам да кажам „бкс“ – искрена е Матеа.
На прашањето, дали мисли дека сите луѓе можат да научат толку многу јазици, таа со колебање одговорила:
– Не сум сигурна. Мислам дека за некои работи сепак треба малку талент. Но, неоткриениот талент не значи ништо. Исто така, секој талент, ако нема желба и волја, се троши.
Би рекла дека сè е можно во животот, ако навистина го сакаш и се трудиш да го оствариш. А ако сакаш да научиш 19 јазици, мислам дека пред сè е важно да почнеш од мали нозе, да почнеш рано.
Почнав да размислувам на повеќе јазици и да поврзувам зборови уште од мали нозе – тврди оваа фантастична млада жена која длабоко верува дека светот би бил подобро место кога сите луѓе би ги оствариле своите таленти и го прават тоа што го сакаат. Можете да ја слушнете ОВДЕ.