Чудо од чоколадо – е еден од оние колачи кои веќе спаѓаат во “класика”. Многумина се воодушевија од него и никогаш не им здосадува, секогаш одново го посакуваат.

Потребни состојки:

За бисквит:

4 јајца

100 г шеќер

200 г путер/маргарин

100 г чоколадо за готвење

4 лажици брашно

1 прашок за печиво

Потребни состојки за крем:

500 мл слатка павлака (хопла за шлаг)

200 г чоколадо за готвење

1 лажица шеќер

ПОСТАПКА:

1.Жолчките со шеќерот изматете ги, додадете растопен путер и чоколадо, брашно промешано со прашок за печиво и на крај снег од белки (белките додавајте ги полека, не со миксер, за да остане воздушесто).

Печете во тепсија 20х35 на 180 степени околу 20 минути…во зависност од рерната. Проверете со чепкалка за да бидете сигурни кога е печено.

2.Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загревајте ги на тивко додека да проврие.

3.Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е топол прелијте го со топол крем. Кремот е доста редок но не треба дополнително да се микса или да се додава било што, бидејќи по неколку часа ладење во фрижидер ќе се стегне.

4.Колачот изладете го прво на собна температура, а потоа ставете во фрижидер добро да се стегне.