Се приготвува многу едноставно и брзо, а може да се послужи за појадок, попладневна закуска, но може да се послужат и гости. Овој колач го правам наместо палачинки, зашто може да се послужи и како торта ако одозгора го премачкате со шлаг или некој вкусен крем.




Се приготвува многу брзо и едноставно, со едно јајце и едно јаболко, но може соодветно да се зголемат состојките по потреба и да се испече во поголем плех, во рерна. Ги имам испробано и двете варијанти, за печење на рингла и во рерна, подеднакво излегува вкусно и убаво. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 поголемо или 2 помали јаболка, 150 мл млеко, 60 г шеќер, 60 мл масло, 1 прстофат сол, 1 ванилин шеќер (7 г), 1 прашок за печиво (8 г), 150 г брашно и 1 супена лажица бел или јаболков оцет (мах 9%)




ПОСТАПКА: Нелеплива тава убаво намастете ја со путер и наросете ја одозгора со една супена лажица шеќер. Доколку печете во плех, истиот добро намастете го со путер на дното и ѕидовите и исто така, наросете го рамномерно со шеќер.




Јаболката убаво измијте ги и исцедете ги (ако се органски не ги лупете), па исечете ги на тенки тркалца. Отстранете ги семките и внатрешниот тврд дел (може да се послужите и со обично пластично капаче од шише, само притиснете одозгора и отстранете ја срцевината со семките).




На овој начин тркалцата од јаболка ќе добијат облик на прстенести крофнички. Наредете ги на дното од тавата или плехот. Во посебен сад ставете едно јајце со прстофат сол и една кесичка ванилин шеќер, па додајте 3 полни лажици шеќер.

Изматете со маталка додека убаво да се соединат состојките и шеќерот да се растопи. Додека матите започнете постепено да го додавате маслото во тенок млаз (60 мл). Кога ќе се изедначи, во смесата додајте и 150 мл млеко.




Кога ќе се изедначат сите влажни состојки, започнете постепено да до дадавате брашното (150 г) помешано со 1 кесичка прашок за печиво (10 г), најдобро просеани. Мешајте полека додека смесата да стане хомогена и без грутчиња.

На крај додајте и промешајте една лажица оцет (јаболкова киселина). Добиената смеса рамномерно прелијте ја врз јаболката, па поклопете со капак и тавата ставете ја на рингла на ниска температура. Важно е температурата да биде умерено слаба, за да не зарумени колачот на дното предвреме.




После 20-тина минути колачот превртете го врз голема чинија и вратете го повторно во тавата да се допече и од другата страна, уште 5 минути. Вашиот колач е готов и можете да го послужите. По желба наросете шеќер во прав, послужете со топка сладолед или шлаг, но многу е декоративен и каков што е. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.