Потребни состојки:

50 г путер/маргарин

200 г чоколадо за готвење

1 пудинг од чоколадо

1 ванилин шеќер

малку арома од рум или ванила

пржени лешници

Постапка:

50 г путер извадете на топло да омекне, а потоа добро изматете го и додадете 180 г ситно рендано чоколадо, а останатите 20 г исечкајте ги на покрупни парченца и додадете ги во смесата.

Откако ќе ги поврзете сите претходни состојки со миксер, додадете 1 лажица екстракт/арома од рум или ванила (а може и друг вкус по желба). Миксајте.

Во смесата додадете прашок од еден пудинг од чоколадо и ванилин шеќер. Продолжете со миксање додека смесата да започне да се зафаќа за маталките, а тоа значи дека путерот е растопен и дека можете да ги обликувате топчињата. Ако смесата и натаму ви е „прашкаста“, ставете ја смесата на топло (доволни се 5 минути на радијатор : ) )

Лешниците пропржете ги на суво, па сомелете ги, и додека топчињата се лепливи, валкајте ги и уживајте во нивниот прекрасен вкус!