Бисквитното тесто за торти најчесто се приготвува многу лесно и од евтини состојки, но кога станува збор за кремот со кој треба да се филува, понекогаш е потребно цело богатство за да се набават потребните состојки.
Следниот рецепт на Амела е многу лесен и едноставен, цврст и со богат вкус, а се приготвува од евтини состојки. Сите што го испробаа се воодушевени од вкусот. Во продолжение можете да го прочитате и рецептот за посната верзија. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на чоколадо (120 г), 250 г несолен путер или маргарин, 100 г шеќер во прав, 10 супени лажици шеќер, 100 г чоколадо за готвење (најдобро некое со повисок % на какао за поинтензивна кафеава боја)
ПОСТАПКА за рецепт 1: во тенџере ставете 800 мл млеко и десет лажици шеќер (или по ваш вкус). Во остатокот од млекото (200 мл) додајте го прашокот за пудинг од трите кесички и убаво промешајте за да не останат грутчиња.
Тенџерето со млекото и шеќерот ставете го на рингла да се загрева на умерена температура со повремено промешување за да се растопи шеќерот. Штом млекото зоврие, намалете ја температурата на ринглата и малку потргнете го тенџерето настрана, па полека додајте го разматениот пудинг во тенок млаз.
Мешајте енергично за да не се создадат грутчиња, па вратете на оган и варете го кремот уште 1-2 минути со непрекинато мешање додека да се добие потребната густина. Сварениот крем излејте го во некој поширок сад и прекријте го со проѕирна-стреч фолија за да не фаќа коричка.
Во меѓувреме путерот или маргаринот исечете го на листови или коцки и оставете го да омекне на собна температура. Кога ќе притиснете со прстот, а тој лесно се растопува, значи дека е доволно омекнат.
Кога пудингот ќе омекне на собна температура изматете го пенасто со миксерот за да се разбие и да стане кремаст. Во путерот додајте го шеќерот во прав и пенасто изматете го додека да стане кремаст. Шеќерот можете да го додавате постепено.
Во изматениот путер со шеќер додајте растопено чоколадо и изладено, но сепак полутечно (не смее да биде топло, зашто ќе се растопи путерот). Изматете до соединување. Започнете постепено да го додавате оладениот пудинг.
Пудингот и путерот мора да бидат на иста собна температура за да се добие совршен, свиленкаст и мазен крем. Кога ќе го додадете сиот пудинг, вашиот крем е спремен за употреба. Можете да го користите како таков во десертни чаши или да филувате торти и колачи. Деталите од постапката погледнете ја ОВДЕ, а рецептот за посната верзија прочитајте ја ОВДЕ.